Во Турција во четири кампови има 15000 терористи
Објавено во: Свет 26 Јуни, 2016
На територијата на Турција до границата со Сирија во четири кампови се наоѓаат речиси 15 000 терористи.
Ова го објави агенција Доган, повикувајќи се на извадоци од полициски извештај, подготвен за обвинителството.
Групата „Исламска држава ", „Џебхат ан-Нусра", „Кетибет ул-Талибан "создале четири кампови за вежбање во близина на границата со Сирија. Во нив се наоѓаат околу 14 700 борци. Тоа се камповите Атман, Аекробат, Анадан и Хариман-Тафар Такхарим , се вели во извештајот на полицијата од Дијарбакир. Во него се наведува дека борците кои се во овие кампови, доаѓаат од Кавказ, Средна Азија, Блискиот Исток и Северна Африка.
Подготовката е започната уште во почетокот на 21 век и е организирана од „Ал Каеда", кон која подоцна се приклучија и други терористички организации.
Полицијата предупредува дека во никој случај не треба да се занемарува можноста од терористички напади во Турција.
Според полицијата демократска и секуларна Турција е една од главните цели на „Исламска држава во регионот ". Групата ја смета земјата за држава на неверници, во која политичкиот систем треба да се замени со исламистички.