За прв пат министерка за надворешни во посета на Македонија
Објавено во: Свет 08 Јули, 2017
За прв пат Македонија ќе ја посети еден министер за надворешни работи на Австралија, откако Џули Бишоп реши да одржи Балканска турнеја.
Министерката за надворешни работи на Австралиј ќе престојува во Република Македонија и како што се најавува на официјалната веб страница на австралиското МНР, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претставници на невладини организации кои работат со финансиска поддршка помош на Владата на Австралија.
Во рамки на посетата на регионот Бишоп ќе престојува и во Хрватска и Србија, а посетите имаат за цел зајакнување на билатералните односи и подобрување на економските и безбедносни интереси на Австралија во регионот.