11 Мај, 2024
0.0263

Заедно кон подобар свет за децата, адолесцентите, деца и млади со попречености и семејствата

Објавено во: Свет 27 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

На 1.12.2017 година во просториите на Информативниот центар на ЕУ во 5 до 12 часот во организација на Невладината организација „НВО Детски свет Нов Почеток“,„НВО различни, посебни а еднакви – МЕНУВАМЕ“ и граѓанската иницијатива 5ДО12“ ќе се одржи конференција пред почесните гости, медиумите и сите присутни со цел да се докаже и укаже еднаквоста кај децата, адолесцентите, деца и млади со попречености и семејствата со пораката „5ДО12-МЕНУВАМЕ“ со цел за младинска социјална инклузија и презентирање пред јавноста дека не треба да постојат ограничувања во секојдневието кај децата, адолесцентите, деца и млади со попречености и семејствата, а со тоа секоја активност од сите сфери на живеењето на овие лица да биде можност за понатамошен напредок во создавањето на услови и поефикасни решенија во менување на стереотипите.

На самиот настан свечено ќе се потпише и официјализира меморандумот за меѓусебна поддршка и соработка од страна на Министерството за труд и социјална политика и министерката Г-ѓа Мила Царовска и организацијата „НВО Детски свет - Нов почеток“.

„Додека некои ја гледаат физичката попреченост како препрека, постојат луѓе кои ја гледаат како можност, можност да се поместат границите во умот за да се успее и да се оствари нивниот сон. Затоа што позади секој успех стои труд, пасија и човек подготвен да се соочи со предизвиците на патот кон целта.“, е дел од пораката која Г-дин Суарет Алишан, Претседател на „НВО Детски свет - Нов почеток“ кој преку својот говор ќе ја пренесе пред сите присутни на конференцијата.

Со свое излагање ќе се претстави и Г-дин Зоран Мијалков, Претседател на Невладината организација „Сплотени Срца“ од Штип.

На настанот иноваторот и креаторот Г-ѓаАлександра Калемџиевска ќе ги презентира своите неверојатни иновации кои ќе го олеснат секојдневнието на децата, адолесцентите, деца и млади со попречености и семејствата и комплетно ќе ги направат независни во сите сфери на живеењето.

Главната цел на оваа конференција е презентација на понатамошната работа и достигнувања за воедначен развој на лицата со и без физичка попреченост на целата територијата на Република Македонија, како и создавање услови за воспоставување и промовирање инклузивни настани и иницијативи што промовираат интеракција помеѓу децата и младите. Овозможување постојан и непречен пристап на фокусот на проектите, соработка со сите општини во Републиката, со континуирана заложба за понатамошен развој и подигнување на степенот на свест.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена