Започнуваат преговорите за „Голема коалиција“ во Германија
Објавено во: Свет 01 Декември, 2017
Германската канцеларка Ангела Меркел, баварскиот сојузник Хорст Зеехофер и водачот на социјалдемократите Мартин Шулц се согласија да започнат разговори за да изнајдат излез од политичкиот ќор-сокак.
Информациите се објавени од Ројтерс, од партиски член .
Меркел, Зеехофер и Шулц одржале состанок на кој разговарале околу различни опции за формирање на влада, вклучувајќи и малцинска влада предводена од Меркел.
Сепак, тие изразике скептицизам во врска со оваа можност.