05 Мај, 2024
0.0238

Поделени над педесет илјади „зелени картици“, во вредност од 128 милиони денари

Објавено во: Агробизнис 24 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Иако беше најавено дека поделувањето на „Зелените картички“ на земјоделците ќе се заврши во рок од 60 дена, сепак министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство успеа целата процедура да ја заврши за помалку од месец дена.

Вчера директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски ги подели 5.974 картици за „зелена нафта“ со вкупен износ од околу 15 милиони денари на земјоделци во Кавадарци.

Вкупно досега се поделени 50.465 картици со вкупна вредност од 128 милиони денари. Од АФПЗРР информираат дека и следниот период ќе се доделуваат картици на преостанатите земјоделци кои треба да ги подмират обврските кон државата.

„Со оваа мерка директно влијаеме врз намалување на трошоците во земјоделството и го правиме поисплатливо“, изјави директорот на платежната агенција, Бабовски. Според последните информации кои ги има агенцијата, директорот истакна дека во послендите дваесетина дена за околу 14,5 милиони денари е наточено гориво.

Мерката за субвенционирана нафта, за прв пат се воведува од оваа година со единствена цел да се олесни производството на земјоделците. 


Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?