26 Април, 2024
0.0307

Кои се највисоки државни органи што контролираат криминал со нафтени деривати?

Објавено во: Економија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

„Фактор“ јавно го прашува Андреја Јосифовски кои се тие органи за кои тој вчера зборуваше на прес конференција на која на „Фактор.мк“ му беше забранет пристап од страна на официјални лица на „Макпетрол“. „Фактор“ ќе го праша ОЈО дали ќе го повика Јосифовски да даде исказ за наводите за криминал во бизнисот со нафтени деривати

Кои се највисоки органи во државата кои со години наназад го контролираат криминалот во нафтениот бизнис? Ова прашање „Фактор.мк“ јавно му го поставува на Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ откако тој вчера на прес конференција обвини дека цитираме „ криминалот во нафтениот бизнис со години е контролиран од највисоки органи во државата„. „Фактор“ јавно го прашува Јосифовски да ги посочи директно државните органи кои се вмешани во криминал со нафтени деривати заради тоа што нашиот репортер вчера од официјални претставници на „макпетрол“ не беше пуштен да присуствува на пресконференцијата .

Јосифовски во своето излагање кажа дека неопходно е да се промени законската регулатива и тоа да се направи така што ќе се укине екстра лесното гориво или ќе се изедначи неговата акциза со таа на дизел горивото, ги пренесе „Телма“ зборовите на „Макпетрол“. Понатаму во своето излагање Јосифовски кажа дека заради тоа што разликата во акцизата е 4 наспрема 1 заради што наместо во буџетот во приватни џебови завршуваат 25 милиони евра на годишно ниво.

За жал „Фактор.мк“ не беше во можност да праша детали заради тоа што ни беше ускратено правото за присуство на прес конференцијата. 

За воља на вистината менаџментот на „Макпетрол“ во неколку годишни извештаи за работењето години наназад укажува дека постои нелојална конкуренција во бизнисот со трговија на мало на нафтени деривати. „Фактор“ во своите анализи и текстови ги пренесувал овие зборови на менаџментот и со писмени прашања доставени на официјална мејл адреса барал дообјаснувања, но досега никогаш не сме добиле одговори од долгогодишниот прв човек на „Макпетрол“.

Со цел објективно и целосно информирање на јавноста „Фактор“ истовремено со објавувањето на овој текст на оваа тема ќе побара коментари од надлежни лица во Царинската управа која е надлежна за наплата на акцизи, до Министерстово за економија кое е надлежно за регулација на нафтениот бизнис, до Државниот пазарен инспекторат кој е надлежен за контроли, а ќе побараме одговор и од скопското Основно јавно обвинителство дали ќе превземе дејствија по допрен глас откако долгогодишниот прв човек на „Макпетрол“ отворено рече дека највисоки органи во државата со години контролираат криминал со нафтени деривати.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката