Рекордна температура: Се очекува нов топлотен бран
Објавено во: Свет 07 Август, 2018
Би-Би-Си јавува дека метеоролозите најавуваат нов топлотен бран, кој ќе ја зафати Европа.
Досега европски рекорд е 48 степени Целзиусови, измерени во Атина во јули 1977 година, а за викендот што следи, се очекуваат 47 степени Целзиусови во Шпанија и Португалија.
Медиумите во Европа објавуваат фотографии од намалени езера и суви реки и луѓе, кои се ладат во чешми и се обидуваат да се кријат под чадори.
Метеоролошката служба во Шпанија издаде предупредување до граѓаните и објави дека топлотниот бран ќе биде „особено интензивен на југозапад".