17 Мај, 2024
0.0266

(ВИДЕО) Здружението на стечајни работници Унит, стави зад решетки стечајни управници

Објавено во: Економија 17 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во развиените земји стечајот, преструктуирањето трае кратко, а не и по 10-20 години. Стечајот многу често е шанса, а не, како кај нас, сигурна смрт на деловниот субјект. Има ли позинтитвни примери во Македонија? Дали конечно создадовме соодветни законски норми? Што вели најновата европска регулатива и кога ќе се имплеметира кај нас? Како влијае корона-пандемијата врз стечајните постапки и кога ќе бидат отворени судовите за стечајните рочишта?

Претседателката на здружението на стечајни работници Унит, Лилјана Горгиевска, во истражувачкиот серијал „Парадокс“ на емисијата „Стадион“ на Канал 77 викендов вели дека како здружение имале можност да контактираат и работат со многу стечајни управници. Има лошо искуство, а главно забележува дека стечајните управници не покажале волја за соработка, иако имале и добри исклучоци. Таа вели дека спрегата стечајни управници - судство не и дале шанса на македонската транзиција во својот развој. Стечајните управници, според Георгиевска, земаат високи дневници, додека работниците се оставени во милост и немилост.

- Еве да го земеме примерот со „Сточарство и преработка“, Како може една фирма каде што не е затворен стечај истата да се продава, а не може да дојде до обештетување на стечајните работници. Таму никаде нема запишано, или заверено дека Смиленски таму е пион - застапник само. Не се соработува со нас, не можеме да стигнеме до потребниот документ едноставно за да ја расчистиме работата. Многу кумановски, штипски, велешки фирми не можат да дојдат до правдата, вели Георгиевска.

Унит, како здружение на стечани работници изминатите годни има поднесено бројни кривични пријави и против стечајни управници и против стечајни судии, но и доверители. За некои од нив има и пресуди и завршиле во затвор, вели Георгиевска. Таа доаѓа од кумановската фирма ЗИК Сточарство и преработка, која што е во стечај 17 годни, од 2003 година. Стечајот се’ уште не е завршен.

-Сите тие (стечајните управници) веќе ги имаат одлежано своите казни, зошто беа мали од 2 до 2,5 години. Според големината на капиталот што тие го извадија од фирмите, тоа е многу многу мала казна. Јас сум во Одборот на доверители како претставник на вработените од ЗИК Сточарство и преработка од Куманово и од здружението Унит. Некако се бориме, постигнавме и некои резултати, но тоа не е доволно, фирмите пропаднаа. Од стечајниот управник што е сега на ЗИК Сточарство и преработка, нема ни трага ни глас. Едноставно, не можеме да свикаме Одбор на доверители, не се јавува “, вели Горгиевска.

Поради незаконитости во работењето и водењето на стечајните постапки и катастрофални пропусти на стечајните управници, многу работници останаа со непризнаен стаж и до десетина години, вели  претседателката на Здружението на стечајни работници УНИТ Љиљана Георгиевски , во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77

Георгиевска не беше опфатена со ниту еден од законите за обесштетување на стечајните работници кои што произлегоа од државните фирми, бидејќи поради непризнат стаж  не ги исполнувала условите.Таа во емисијата кажа дека моментално е вработена во Агенцијата за вработување во Куманово.

– Бараме да се донесе уште еден, нов закон за обештетување на стечајните работници после изборите со кој ќе бидат опфатени уште најмалку 1000 работници- вели Георгиевска.

Ваквата реакција на Георгиевска следува по истражувачката сторија на серијалот „Парадокс“ за бројните кривични пријави , па и пресуди  со затворски казни за стечајни управници со илустрација за тоа како завршија дел од стечајните постапки изминатите петнаесетина години. 

– Неправедно е целата вина да се фрла на стечајните управници и стечајните судии. Каде се директорите и органите на управување кои ја упропастиле фирмата и ја довеле во стечај? Досега нема никој од нив што завршил во затвор – вели правниот консултант за стечај и поранешен стечаен судија Дејан Костовски,кој исто така беше гостин во емисијата Стадион.

Претседателот на Комората на стечајни управници Ацо Петров не бега од одговорноста на стечајните управници, за што има и затворски казни и одземени и необновени лиценци, но како гостин во емисијата прашува што може да направат  управниците со целосно уништен деловен субјект доведен до просјачки стап, без имот и стечајна маса.

Драге Јованоски, експерт за трудово право и стечајни постапки, вели дека поради лошо работење фирмата влегува во загуба, па во стечај.

– Проблемот е  неусогласеноста на нашите закони со условите на работење на фирмите и отварање на стечај. Нашите закони доста заостануваат и сеуште се однесуваат на поранешните стотина загубари, а сега имаме осумдесетина илјади регистрирнаи фирми кои треба некој да ги следи и да повикува на одговорност. Досега никој не одговарал од директорите за загуби и неуспешно ракководење, во кое често имало и намерни постапки – објаснува Јованоски, кој во емисијата „„Стадион“ на Радио Канал 77 ги обвини стечајните судии и управници за нестручност и некомпетентност.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА