05 Мај, 2024
0.0262

10 цитати кои може да го променат начинот на кој размислувате

Објавено во: Стил 25 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Младите претприемачи кои не се запознаени со Питер Дракер, би можеле да имаат корист од неговите инсајдерски коментари за светот на „менаџментот“. Неговата кариера како писател, консултант и предавач се протега на повеќе од шест децении. Неговата работа ја претвора модерната теорија за менаџментот во сериозна дисциплина, а тој влијаел или го создал речиси секој аспект од примената, вклучувајќи ја децентрализцијата, приватизацијата и е автор на термини како „работникот на знаењето“. Видете неколку цитати од Дракер, кои може да го променат начинот на кој размислувате: 1. „Да ја правиш вистинската работа е поважно отколку да правиш нешто правилно“ 2. „Ако сакаш нешто ново, треба да престанеш да правиш нешто старо“ 3. „Нема ништо бескорисно од тоа да правиш нешто многу ефикасно што не би требало да се прави воопшто“ 4. „Она што се мери, и се  подобрува.“ 5. „Резултати се постигнуваат со користење на можностите, а не со решавање на проблеми.“ 6.„Така голем дел од она што го нарекуваме менаџмент, ги спречува луѓето да работат“ 7.„Луѓето кои воопшто не преземаат ризици, прават околу две големи грешки на годината. Луѓето кои во принцип ризикуваат, прават околу две големи грешки во година“ 8. „Средбите по дефиниција се признание за недоволна организација. Бидејќи човек или учествува во состаноци, или работи. Не може да ги прави и двете истовремено“ 9. „Долгорочното планирање не се занимава со идните решенија, а со иднината на сегашните решенија“ 10. „Менаџмент значи да се прават работите на вистинскиот начин. Лидерство значи да ги правиш вистинските нешта“