15 Мај, 2024
0.0339

15 апокалиптични предвидувања за 2016 од јасновидецот број еден во Велика Британија

Објавено во: Стил 28 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Ако пророштвото е дисциплина која ве интересира и сакате да слушнете што зборуваат оние кои наводно може да погледнат во иднината, прочитајте го пророштвото за 2016 година на Крег Хамилтон-Паркер, скандалозен и број еден британски јасновидец.

Крег Хамилтон-Паркер помеѓу другото соопштил и за обидот за убиство на германската канцеларка Ангела Меркел и дека ќе дојде до зајакнување на десницата во Шпанија, Италија и Франција, поради што ќе има големи нереди по улиците во овие земји ...

Еве што друго предвидува Хамилтон-Паркер:

- Меѓународната терористичка група „Исламска држава“, активна во Германија, ќе се обиде да ја убие канцеларката Ангела Меркел.

- Доналд Трамп ќе се повлече од трката за Белата куќа поради болест, а битката ќе ја продолжат Буш и Хилари Клинтон. Конечно ќе слават републиканците.

- Ќе се зајакне десницата во Шпанија, Италија и Франција, што ќе доведе до големи немири на улиците.

- Комета или астероид многу брзо ќе се приближува кон Земјата, а научниците нема да имаат поим за тоа.

- Индиската економија ќе продолжи да расте, но затоа ќе дојде до распаѓање на кинеската валута, по турбуленциите.

- Ќе се случи политички скандал, откако ќе се појават слики на кои севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе биде гол.

- Турција ќе ги нападне Курдите во Сирија.

- Ќе дојде до нов бран бегалци од Украина и Грузија, бидејќи Русите ќе дејствуваат поостро.

- Голем земјотрес на Хималаите ќе доведе до пукање на акумулациите.

- Невидени врнежи ќе расипат дел од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

- Ќе се случи референдум, поврзан со Европската унија и излегување на некои земји од заедницата.

- Пожар ќе проголта една од историските холандски згради и некои ремек дела ќе бидат целосно уништени.

- Во борбата против терористите, односно во нивното набљудување, ќе се применува нова форма на нанотехнологија.

- Принцот Филип, војводата од Единбург, ќе се разболи сериозно и со операција ќе му го спасат животот.

- 2016 ќе биде година на ненадејни промени во природата, а морето ќе „проголта“ еден јапонски остров.