15 јули веќе е официјален празник во Турција
Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2016
Името на градот во округот Анкара е променето, за да биде почесен на саможртвата на луѓето при обидот за државен удар на 15 јули.
Овој датум станува официјален празник на земјата, пишува турскиот весник ".ХаберТурк". Одлуката за ова беше изгласана од страна на турскиот парламент.
Понатаму кон името на анкарскиот град Казан ќе биде додадена зборот Кахраман (херој) и тој ќе се нарекува Кахраманказан, одлучија пратениците.
Датумот 15 јули, пак, е прогласен за официјален празник како Ден за почит на загинатите при обидот за државен удар во земјата.
При обидот за преврат во Турција загинаа приближно 300 лица, а 2.000 беа повредени.
Турските власти сметаат дека терористичката организација (ФЕТО) на проповедник Фетхулах Гулен кој живее во САД стои зад пучот.