03 Мај, 2024
0.0245

15% поврат на средства и гратис осигурување на автомобилски гуми во Мотоцентар со American Express

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Сезоната на промена на вашите пневматици од летни со зимски започнува наскоро. Законската обврска кај сите возила за носење на задолжителна зимска опрема (зимски пневматици и ланци) започнува на 15-ти ноември и ќе трае се до 15-ти март наредната година.

За таа цел, Силк Роуд Банка АД Скопје во соработка со Мотоцентар започнуваат заедничка кампања, каде што со секоја направена трансакција со American Express картичка издадена од банката во продажните салони на Мотоцентар, корисниците добиваат поврат на средствата во висина од 15% од направената сметка и дополнително подарок во вид на гратис осигурување за купени нови автомобилски зимски гуми за период од 18 месеци. Осигурувањето на гумите важи за целата продажно сервисна мрежа на Мотоцентар во Скопје и целата територија на државата.

“Имајќи предвид дека се ближи почетокот на зимската сезона каде што на патиштата ширум државата и во странство е можна појава на снег, голомразица како и температури под нулата, во соработка со нашиот партнер Мотоцентар почнувајќи од 10-ти овој месец па се до крајот на годината, односно 31.12.2019 година, граѓаните кои што во Мотоцентар ќе платат со American Express картичка издадена од банката добиваат 15% поврат на средствата од износот на направената сметка и подарок дополнително бесплатно осигурување за купените зимски гуми со важност од 18 месеци од моментот на купување на гумите. Корисниците кои имаат осигурени гуми добиваат 24-ри часовна асистенција во Македонија и во Европа, како и заштита од трошоци за штети при издишана гума, кражба на гума, вандализам и механички оштетувања на гумите од предмети на патот, со исклучок на штети предизвикани при сообраќајна незгода”, се вели во заедничкото соопштение на банката и Мотоцентар.

Аплицирањето за American Express дебитна или кредитна картичка е бесплатно и се врши во експозитурите на Силк Роуд Банка АД Скопје. Подетални информации за картичките сите заинтересирани може да добијат во некоја од експозитурите на банката, на електронската адреса: cards@silkroadbank.com.mk или на телефонскиот број 02/3289-555.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година