18 Мај, 2024
0.0255

(18+) Открена е мистеријата со голата жена во Лондон

Објавено во: Стил 31 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Веќе е јасно зошто млада жена седеше повеќе од четири часа гола на покрив во Лондон. Нејзиното име е Попи Џексон, а целта била дел од уметнички преформанс, соопштува „Ајриш Мирор“.

Необичната глетка ги згрози работниците во источен Лондон додека оделе на работа. Млада целосно гола жена, само со појас на половината, беше качена на покрив на зграда. Во оваа поза таа седела повеќе од 4 часа во студениот есенски ден.

london 1

Преформансот на покривот се нарекува „Место“ и Попи имала намера да го повтори следната сабота. Според описот, таа тврди дека „истражува прашања поврзани со минливоста на телото во просторот, претставувањето и полот преку разгледување на употребата на телото во акција како активна пракса“.

За своите претходни проекти Попи замолила за помош за собирање на крв од месечен циклус.