04 Мај, 2024
0.0248

20 години од владеењето на Кралот Мохамед VI во Мароко се одбележуваат со засилен развој и значителен напредок на земјата

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Извонредната политичка стабилност и напредната економска политика на Кралството Мароко во последните 20 години се должи главно на прогресивните погледи на кралот Мохамед VI кој со своето стапување на тронот на 30 јули 1999  донесе нова енергија и визија за долгорочен напредок на земјата, претворајќи ја во, како што странските набљудувачи ја нарекуваат, лицето на модерна Африка.

Кралството Мароко ужива политичка стабилност, има солидна инфраструктура и стратешка локација, што придонесува за поставување на земјата како регионална база за производство и извоз за меѓународни компании. Мароко активно ги охрабрува и олеснува странските инвестиции, особено во извозните сектори, како што е производството, преку макроекономските политики, либерализацијата на трговијата, стимулациите за инвестиции и структурните реформи. Сеопфатниот план за економски развој на Мароко се стреми да ја трансформира земјата во регионален деловен центар преку проширување на својот уникатен статус како повеќејазична космополитска нација којашто се наоѓа на крстосницата меѓу Субсахарска Африка, Блискиот Исток и Европа. Во последниве години оваа стратегија се повеќе влијае врз односот и улогата што ја има Мароко на африканскиот континент.

Владата на Мароко спроведе серија стратегии насочени кон зголемување на вработеноста, привлекување странски инвестиции и зголемување на перформансите и производството во клучните сектори за подобрување на приходите, како што се автомобилската и воздухопловната индустрија. Кралството е на добар пат да биде меѓу првите 15 земји што произведуваат возила во светот.

Во 2018 година, Мароко ја дели со Јужна Африка позицијата на највисоко рангирани дестинации за странски директни инвестиции во Африка. Враќањето на Мароко во Африканската унија во јануари 2017 година и започнувањето на Африканската континентална слободна трговска зона (CFTA) во март 2018 година, му овозможи на Мароко дополнителни можности за промовирање странски инвестиции, трговија и забрзување на економскиот развој. Кралството Мароко станува меѓу најдобрите дестинации за инвестиции во регионот МЕНА. Приливите на странските директни инвестиции во Мароко изнесуваа 33,5 милијарди долари во 2018 година, што означува значителен пораст од 28,6 проценти во однос на претходната година. Светскиот економски форум, во извештајот за глобална конкурентност од 2018 година, го рангира Кралството на 75-тата позиција од 140 земји. Doing Business на Светска банка го рангира Мароко на 69-тото место од вкупно 190 земји.

На крајот од 2018 година, долгоочекуваниот транспортен брз воз  што ги поврзува Казабланка, Рабат и пристанишниот град Танжер беше пуштен во употреба. Владата изгради приближно 1.100 милји  современи патишта, поврзувајќи ги повеќето поголеми градови преку автопати. Мароканското Министерството за опрема, транспорт, логистика и вода има за цел да изгради дополнителни 2.100 милји експресен пат и 1.300 милји автопат до 2030 година, со очекувани трошоци од 9,6 милијарди долари. Годината 2018 беше рекордна година и за аеродромите на Кралството, низ кои минаа 22,5 милиони патници, што е зголемување од 10 проценти во споредба со претходната година.

Мароко има ратификувано 69 билатерални договори за инвестиции за промоција и заштита на инвестиции и 60 економски договори, вклучително со САД и со повеќето земји на ЕУ, кои што имаат за цел да го елиминираат двојното оданочување на приходите или добивките. Договорот за слободна трговија на Мароко со САД стапи во сила во 2006 година, со што се елиминираат тарифите на повеќе од 95 отсто од квалификуваните потрошувачки и индустриски стоки. Владата на Мароко планира да ги укине тарифите за ограничен број производи до 2030 година. Во последните 4 години, Кралство стана најголем производител на автомобили во регионот МЕНА, а автомобилската индустрија стана најголем извозен сектор во земјата.

Во рамките на својата глобална стратегија за отвореност и либерализација, Мароко во текот на последната деценија постави правна рамка за развој на своите трговски односи со некои од нејзините потенцијални партнери, преку склучување договори за слободна трговија, на билатерално или регионално ниво. Овие договори исто така помогнаа да се забрза темпото на реформите во Мароко, особено преку модернизирање на законодавната и регулаторната рамка за надворешна трговија, поедноставување на процедурите, подобрување на деловната клима и конкурентскиот капацитет на домашните претпријатија, како и промовирање на странски инвестиции.

Во овој поглед, пристанишниот комплекс Танжер мед, кој се наоѓа во близина на Гибралтарскиот теснец и е отворен во 2007 година, му даде на Мароко неприкосновена стратешка предност, и сега се справува со 51,3 милиони тони товар годишно, на исто ниво со пристаништето Лондон. Со 750 компании и илјадници вработени, овој пристанишен комплекс оствари приходи од 6,8 милијарди долари во 2017 година. Танжер мед II,како дополнување, е отворен во јуни 2019 година и треба да го зголеми капацитетот на пристаништето, со што ќе постане најголемата порта за контејнерски транспорт во Медитеранот.

Развој на обновливите извори на енергијае висок приоритет за владата, а Мароко има богати соларни и ветерни ресурси и извозни врски со Шпанија. Пример за својата напредна стратегија во оваа област е соларната централа Нуор-Уарзазате, најголемиот соларен парк во светот што Мароко го изгради на површина од повеќе од 3.000 хектари. Со овој парк, Мароко е на вистинскиот пат за да ја постигне својата цел за зголемување на учеството на обновливите енергии во својот енергетски микс до 42 проценти во пресрет на 2020 година.

На крај, туризмот во Мароко секако има огромен потенцијал за развој. Земјата има широк спектар  контрастни  пејзажи, како недопреното крајбрежје, планини и пустини. Мароко исто така нуди и богато културно наследство кое им овозможува на посетителите да ги доживеат големите антички градови, традиционалните пазари и специфичната и вкусна кујна. Покрај градовите како култната Казабланка, Маракеш и Агадир, мароканскиот јужен град Дахла, познат по најатрактивните места за сурфање на брановите, постепено станува голема туристичка дестинација, а ноќевањата во сместувачките капацитети се зголемени за 20 отсто во 2018 година. Програмата "Визија 2020" за туризам има за цел двојно да го зголеми обемот на туристичката индустрија во Мароко во однос на бројот на посетители, девизните приходи и сместувачкиот капацитет. 

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото