17 Мај, 2024
0.0323

2014: Уште една година на фискално приспособување

Објавено во: Анализа 26 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Светската економија испрати уште една тешка година. Во 2013 година развиените економии продолжија да се прошируваат под своите можности со просечна годишна стапка на раст од околу 1%. Голем дел од економиите во развој, пак, се забавени под тренд линијата од 4,8%. Сега останува да се запрашеме  што не чека во 2014 година, по две години на недоволен светски раст? Порталот  Project Syndicate ги пренесува ставовите на Професорот по економија на Њујоршкиот универзитет Нуриел Рубини  токму на оваа тема. Добрата вест е дека презентацијата како на развиените, така и на новите економии, ќе се подобри. Развиените пазари ќе имаат корист од долгото и болно петгодишно ослободување од обврски во приватниот сектор, слаб застој во финансискиот сектор (со исклучок на Јапонија) и продолжување на политиката на инфузија на пари. Ова ќе придонесе за просечен годишен раст од околу 1,9%. Покрај тоа опасноста од т.н. крајни ризици (со мала веројатност, но драстични последици) ќе биде значително помала во 2014 година Веројатноста за дефлација во еврозоната, ново запирање на државниот апарат во САД или дебата за долгот, тежок колапс во Кина, или војна меѓу Израел и Иран заради ширење на нуклеарно оружје, ќе биде минимизиран. Сепак, повеќето развиени економии (САД, еврозоната, Јапонија, Велика Британија, Австралија и Канада) едвај ќе го достигнат својот целосен потенцијал за раст, ако воопшто го сторат тоа. Домаќинствата, банките и некои нефинансиски компании сеуште страдаат од високи нивоа на долг. Големите буџетски дефицити и нивоа на јавен долг ќе ги принудат владите да продолжат со болното фискално приспособување. А најголемата несигурност од користените мерки ќе ги одвраќа приватните инвестиции. Изгледите за 2014 година  ќе бидат нарушени и од повеќе долгорочни ограничувања. Имено, се зголемува ризикот од постојано  стагнирање во многу развиени економии. Тој се должи на неповолните ефекти од недостатокот на инвестиции во човечки и физички капитал врз производствениот раст. А структурните реформи, кои земјите ќе ги преземат за зголемување на потенцијалниот раст, ќе бидат премногу слаби. Во исто време развојот по прашањето за банкарски сојуз ќе се забави. Чекорите за воспоставување на фискална унија нема да бидат преземени дури и незадоволството од економиите и политичките тензии во периферијата на еврозоната ќе пораснат . Во Јапонија Владата на Шинзо Абе постигна значителни резултати во борбата против дефлацијата преку парично олабавување и фискално проширување. Несигурноста доаѓа од претстојното зголемување на данокот на потрошувачката и слабото спроведување на третата " стрела " од " Абеномиката " - структурни реформи и либерализација на трговијата . Што се однесува до САД, економскиот развој во 2014 година ќе се искористи од револуцијата, која шкрилците  гас ја  предизвика во енергетскиот сектор, подобрувањето на условите на трудот, како и враќањето на индустриското производство на американска почва. Опасноста од влошување доаѓа од политичкиот ќор-сокак во Конгресот, кој ќе продолжи да го попречува напредокот кон долгорочно фискално консолидирање. Економии ќете во развој ќе се прошират побрзо во 2014 година, со просек од околу 5% на годишна основа, поради неколку причини. Енергичното обновување на развиените економии ќе го зајакне увозот од пазарите во развој. Преземањето на стимулациите на ФЕД ќе биде бавно и ќе ги одржува каматата ниски. Реформите во Кина ќе го ублажат ризикот од тежок колапс. А растечката средна класа во растечки економии ќе троши повеќе добра и услуги. Иако некои од пазарите во развој, како Индија, Индонезија, Бразил, Турција, Јужна Африка, Унгарија, Украина, Аргентина и Венецуела, ќе останат ранливи во 2014 година. Причината за ова се голем надворешен долг и фискален дефицит, забавен раст и политички тензии. Кина од своја страна ќе го задржи својот раст над 7 % оваа година . Покрај поставените реформи сепак транзицијата во економскиот модел на земјата од предефинирани инвестиции кон приватна потрошувачка ќе биде долг . Голем дел од приватниот и јавниот долг ќе стане неповратен . А владејачките структури  се поделени по прашањето колку брзо треба да се воведедат  реформите. Сепак светската економија ќе се проширува побрзо во 2014 година, а крајните ризици ќе бидат помали. Растот во најнапредните економии, со исклучок на САД можеби, ќе остане слаб. Ранливоста на пазарите од своја страна, вклучувајќи и несигурноста на кинески реформи, може да го успори глобалниот раст во следните години.   К.К.