2018 КЛУЧНА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕУ: Лидерите од Балканот утре на неформална вечера во Брисел
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2017
Наредната година ќе биде клучна во процесот за пристапување на земјите од Западен Балкан, порача европскиот комесар за соседна политика и проширување Јоханес Хан.
Тој додава дека ЕУ мора повторно да го покрене процесот на проширување со тоа што ќе ги убеди земјите кандидатки и држави членки на ЕУ дека европските интеграции се во интерес на двете страни/.
Хан тоа го изјави во петокот во текот на говорот кој го одржа во грчкиот институт „Хеленска фондација за европска и надворешна политика“.
Лидерите од Западен Балкан имено, утре се повикани на неформален состанок во Брисел.
Премиерот Заев утревечер ќе има средба со високата претставничка Федерика Могерини а ова ќе биде трета неформална средба на премиерите од регионот со Могерини.
Според најавите на маса пред премиерите ќе бидат ставени перспективите за 2018 година, кога на европските партнери во регионот ќе им биде понудена единствена можност да напредуваат на патот на интеграција во Унијата.