14 Мај, 2024
0.0243

27 професии кои се опасни за здравјето

Објавено во: Стил 23 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Некои професии кријат повеќе ризици за здравјето од други. На пример, медицинска сестра во болница е поверојатно да се зарази со опасна инфекција, отколку адвокат кој работи во канцеларија.

„Бизнис инсајдер“ направи листа со најмногу нездрави професии во САД, користејќи податоци на одделот за труд. Во голема мера, сепак опасноста при извршување на овие професии е валидна, без разлика во која земја се остваруваат. Во повеќето случаи, овие професии се поврзани со работа со опасни материи, хемикалии или поврзани со можен контакт со зараза.

Видете кој вид работа е опасен за здравјето: -Рентгенолог - Металург -Балсаматор -Техничар за лифтови -Медицински нуклеарен технолог -Техничар за Ладилник - Сестра на интензивна нега - Технички оператор во нафтената и гасната сфера - Работник во хемиска фабрика - Оператор на рударски машини - Техничар на огноотпорни материјали - Работник за собирање на отпад - Техничар во нуклеарна експлоатација - Работник во медицинска лабораторија -Пилот, копилот и авио инженер - Оператор на нафтена сонда 1- Хируршки и медицински асистенти -Инженер и оператор на котли -Оператор во водовод или пречистителни станици - Царински или имиграцион инспектор -Маникирист/ педикирист - Ветеринар -Анестезиолог и анестезиологична сестра -Стјуард / стјуардеса -Стоматолог