27 Април, 2024
0.0311

3 дена затвор бидејќи седнала на туѓо место во авион

Објавено во: Стил 01 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Три дена во затвор помина патничка на летот на авиокомпанијата „United Airlines“ бидејќи своеволно седнала на туѓо место во авионот, наместо на тоа што било впишано во нејзиниот билет. Џин Мамакос патувала од Алјаска за Њујорк и за време на летот забележала дека авионот има повеќе празни места. Таа побарала да го смени местото, но стјуардесите не дозволиле со објаснувањето дека новата група патници уште не се качила на авионот. Откако и здодеало да чека, пред слетувањето, жената седнала на едно од празните места, но овој пат од неа побарале да доплати 109 долари. Откако го одбила и овој предлог, како и тој да се симне од летот или да го ослободи седиштето,  Мамакос ја уапсиле полицајците поради повреда на редот на авионот. Жената поминала три дена во притвор под обвинение дека со своите постапки го спречила на екипажот да ги извршува своите обврски и дека е закана за животот на другите патници. Откако била ослободена со кауција, Џин Мамакос планира да поведе спор против авиокомпанијата.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти