02 Мај, 2024
0.0269

30 години успешна приказна на Центро Унион и Favorit

Favorit. Наш бренд. Ваш бренд.

Објавено во: Мои пари 29 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Оваа недела беше во знакот на македонската компанија Центро Унион. По повод 30 годишнината од нејзиното постоење, компанијата приреди прослава за која долго ќе се зборува. Семејствата, бизнис партнерите и клиентите на Центро Унион, заедно со добра музика и вкусна храна, наздравија за успесите кои се постигнати благодарејќи на макотрпната работа во изминатите 30 години. Македонија има наш бренд! Ваш бренд!

Со доделување на плакети на најзаслужните за успесите кои се постигнати, Центро Унион им се заблагодари за придонесот, со што им даде мотив за продолжување на соработките и постигнување на уште поголеми резултати.Насмевките на лицата на присутните докажаа дека компанијата Центро Унион со својата скромност и приземност уште долго време ќе биде лидер во својата област.

Започнувајќи од нула, основачот на Центро Унион, Зоран Станојевски, имајќи цврста идеја, силна желба и поглед кон иднината, успева да го реализира својот сон за основање на компанија со сопствен бренд, кој ќе стане лидер на пазарот.

Триесетгодишната работа на Центро Унион се должи на посветеност и скромност на основачите, кои во најтурбулентниот период за нашата држава успеаја да се пробијат помеѓу светските брендови за бела техника. Рамо до рамо со издигнатите светски брендови, како Samsung, Beko, LG, и уште многу други препознатливи имиња, Центро Унион со Favorit станува лидер домашниот пазар, како и многу препознатлив на меѓународниот пазар.

Центро Унион продолжува со испишување на успешната приказна, сега под јасната слика за успех  на првиот директор на Центро Унион, Тијана Станојевска Ристевска, која што влева доверба кај партнерите и соработниците.

Прославата за успешната приказна на Центро Унион можете да ја проследите на видеото во прилог:


Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа