32 дена протести: Испорачани исти барања-Тирански претседател на Собрание нема да помине
Објавено во: Македонија 30 Март, 2017
Денеска се одржува 32-от протест против така наречената Тиранска платфомра во организација на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија“.
Демонстрантите и вечерва ги испратија истите барања дека црвено-жолтата линија никој нема да ја помине.
Еден од организаторите на протестите Богдан Илиевски вели дека народот што излегува на протести е доказ дека има и кој да ја сака и кој да ја брани Македонија. „Ако некој мисли дека може под чергиче да сокрие тирански платформи да знае дека не само што ќе ги откриеме, туку под чергичето може да го најдеме и клучот за Собранието. Народот е сериозен и кажува НЕ за двојазична, НЕ за двонационална Македонија, НЕ за дебата за промена на знамето, химната, на државниот грб“, потенцираше Илиевски.
Граѓаните што протестираат порачуваат дека нема да дозволат Тирански претседател на Собрание, кој не се откажал од Платформата.