26 Април, 2024
0.0384

500 студенти од Македонија на Универзитетот во Љубљана

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Најголем интерес за студирање на Факултетот за економски науки, Факултетот за општествени науки и на Факултетот за компјутерски науки и инфрматика при Универзитетот во Љубљана

Љубљана, 1 февруари 2017 година - На Универзитетот во Љубљана, во академската 2016/2017 година се запишани 2345 странски студенти од 85 земји, од нив 500 се од Македонија. Студентите од Македонија покажуваат најголем интерес за Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. На студентска размена на Универзитетот во Љубљана на годишно ниво имаме околу 40 македонски студенти.

Словенија со Македонија имаат потпишано меѓународен договор и затоа студиите за студенти од Македонија се бесплатни, освен во следниве случаи. Школарината е задолжителна за сите студенти од прв степен на студии, кои веќе имаат стекнато степен на образование и според важечкиот Закон за високо образование на Словенија е еквивалентнно на образованието што се добива по завршувањето на магистерската студиска програма од втор степен. Школарината исто така е задолжителна и за сите студенти од трет степен и за сите студенти на вонредни студии. Податоците за висините нашколаринитесе достапни навеб страницата на Универзитетот во Љубљана и промотивните материјали за странци. Студирањето на Универзитетот во Љубљана се одвива на словенечки јазик, а на некои студиски програми и на англиски јазик.

Студентите од Македонија кои студираат на Универзитетот во Љубљана се мошне задоволни од својот избор. „Професорите се секогаш на располагање и подготвени да одговорат на нашите прашања. Предавањата се мошне професионални, со интеракција и соработка", вели Марија Илиевска, која на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана студира германистика.

Информативни денови на 10 и 11 февруари

На факултетите и академиитепри Универзитетот во Љубљана организирамо информативни денови на 10 февруари 2017 година петок, во 10 и во 15 часот и во сабота на 11 февруари 2017 година во 10 часот. Исклучок прават Факултетот за хемија и хемиски технологија при Универзитетот во Љубљана (Информативен ден ќе се одржи во петок во 9.30 и во 14 часот, како и во сабота во 10 часот) и на Факултетот за компјутерски науки и информатика на Универзитетот во Љубљана (Информативен ден ќе се одржи во петок во 11 и во 15.30 и во сабота во 10 часот).

Во Петок на 10 Февруари2017 година Високообразовната-пријавно информациска служба на Универзитетот во Љубљана, исто така, организира Информативен ден за Словенците од дијаспората и за странски државјани. Настанот ќе се одржи со почеток во 12 часот во просториите на Теолошкиот факултет при Универзитетот во Љубљанана Полјанска цеста 4, во Љубљана.

Првиот пријавен рок за академската 2017/2018 година од 6 Февруари до 20 април 2017 година

За Словенците без државјанство на Република Словенија и државјаните на државни вон Европската унија во првиот циклос студии на Универзитетот во Љубљанаима 764 слободни места,за вториот циклус 1163 места, а во третиот циклус за сите, и за државјани на Европската Унија вкупно 845 слободни места. За академската 2017/2018 година пријавниот рок во првиот циклус на студиипочнува на 6 февруари и трае до 20 април 2017 година. Сите податоци околу условите за упис, како и уписот во повисока година врз основа на претходно признаени знаења и според мерилата за премин, можете да ги видите на објавите за упис на веб страницата на Министерството за образование, наука и спорт на РС и на веб страницата на Универзитетот во Љубљанакако и на поединечните членки (академии, факултети).

За Универзитетот во Љубљана

Универзитетот во Љубљанана 23 факултети и три академии нудиквалитетнисоцијални, природонаучни и технички студиски програми, кои се подготвени согласно насоките на Болоњската декларација. Универзитетските истражувачи и истражувачки групи со својата научноистражувачка работа се истакнуваат со врвни проекти на подрачјето на уметноста, науката и технологијата, дома и низ светот. Универзитетот во Љубљана, кој се приближува до својата стогодишнина, е класифициран меѓу 500 најдобри универзитети на Шангајската листа. Универзитетот во Љубљана е централна и најголема образовна установа, а истовремено е и централна и најголема истражувачка институција во Словенија со дури триесет проценти од ситерегистрираните истражувачи. Универзитетот во Љубљана спаѓа меѓу трите проценти најугледни универзитети на светот.

Дополнителни информации за студирање: www.uni-lj.si/study/; study.info@uni-lj.si

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“