19 Мај, 2024
0.0256

7 трикови со кои ќе го продолжите животот на вашиот лаптоп

Објавено во: Стил 29 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Купување на нов лаптоп компјутер е сериозна инвестиција. За да не ви се случува да го правите тоа премногу често, продолжете му го векот на вашиот лаптоп, следејќи ги советите кои ви ги пренесуваме.

1. Исчистете го системот за ладење со компресиран воздух. Таков воздух се продава во шишиња. Користете го еднаш месечно, за да си го исчистите вентилаторо. Расклопете го и отстранете ги од него сите честички прав, коса или чипс со кои традиционално се блокираат отворите на лаптопите.

2. Не користете го лаптопот додека сте во кревет. Кога го ставите уредот врз мекиот материјал на покривката, во случај додека го држите во скут додека седите на креветот, се блокираат отворите за вентилација на дното. Тој не може да прима воздух и почнува да се загрева.

3. Купете ладилник со вентилатор. Не се скапи. Колку повеќе се намали температурата на вашиот лаптоп, толку подолго ќе живее тој.

4. Користете CCCleaner. Ова средство се инсталира на Mac или PC. Во секоја секунда, која ја поминувате пред компјутер, дури правејќи елементарни работи, тој работи напорно. Тоа значи дека може да се наполни и заглави со т.н.. temporary files, со историја, „cookies“ и др. Можете да го чистите и со оваа многу корисна алатка.

5. Не ставајте чаши со пиво, кока кола, чај, вода или аквариумот со златна рипка во непосредна близина на лаптопот. Не јадете до него. Ако не сте истуриле врз него ништо во животот, знајте дека е прашање на време. Течностите ја уништува електрониката.

6. Чистете го екранот правилно. Кога тој е покриен со прашина, не грабнувајте го првиот хемиски препарат кој е наменет за чистење. Наместо тоа земете две марамчиња, едната натопени со малку вода, другата сува. Исчистете го мониторот со навлажнета, потоа избришајте го со сувата, за да не останат дамки. Ако сте решиле да употребите средства, користете означено средство за чистење на LCD површини.

7. Управувајте го животот на батеријата. Користете ја до максимум целата батерија на лаптопот од време на време. Повеќето производители препорачуваат да се користи компјутер додека неговата батерија целосно не се испразни барем еднаш месечно. Не држете го лаптоп вклучен во електричната мрежа постојано. Ова може да го скрати животниот век на батеријата, тврдат експертите.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“