26 Април, 2024
0.0286

70 деца со флеш-моб ја одбележаа 70-годишнината на УНИЦЕФ за секое дете

Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Денеска, купувачите во „Скопје сити мол“ беа изненадени кога 70 деца изведоа пред нив флеш-моб со песни за надеж, за да ја одбележат 70-годишнината на УНИЦЕФ. Пеејќи ја „Имеџин“ на Џон Ленон и „За овој свет“ на Тоше Проески - песна напишана за УНИЦЕФ во 2004 година - децата оддадоа почит на постојаната надеж што УНИЦЕФ им ја носи на децата низ целиот свет.

 „УНИЦЕФ е основан по Втората светска војна за да донесе помош и надеж за сите деца што имаа потреба од помош - без оглед на тоа во која земја живееја или каква улога таа земја одигра во војната“, изјави заменик-претставникот на УНИЦЕФ, г-ѓа Елспет Ериксон. „Децата од оваа земја беа меѓу првите што добија хуманитарна помош во 1947 година, кога УНИЦЕФ ја достави најголемата пратка на млеко во повоена Европа“.

Со ненадејниот перформанс во „Скопје сити мол“ официјално беше отворена изложбата која ја раскажува приказната за поддршката на УНИЦЕФ за децата, заедно со „Малите приказни“ на тема „Што сакам за секое дете“ напишани од домашни и меѓународни автори. Во текот на денот, купувачите беа вклучени и во активности за искажување на своите надежи за секое дете.

Иако ја отвори својата сегашна канцеларија во Скопје во 1993 година, УНИЦЕФ уште во првите денови од своето создавање пружаше помош за децата во нашата земја:

Првата пратка на УНИЦЕФ со облека, обувки, сапун и други итни производи, во август 1947 година, беше всушност за децата на Југославија.

Во 50-тите години, УНИЦЕФ работеше со владата на Југославија на подобрување на снабдувањето со млеко. УНИЦЕФ увезе опрема за поддршка на националниот план за конзервирање на млеко - како резултат на тоа, безбедно полномасно млеко им беше обезбедено бесплатно или по многу ниска цена на повеќе од 800.000 деца и мајки.

Во 1957 година, УНИЦЕФ го иницираше формирањето на националниот Завод за здравствена заштита на мајки и деца во Скопје. Во тоа време, стапката на смртност кај децата беше висока и изнесуваше 138,6 на илјада живородени деца.

Во 1963 година, УНИЦЕФ ги поддржа напорите за помош по трагичниот земјотрес во Скопје.

Во 1993 година, УНИЦЕФ беше една од првите две агенции на ОН што отвори канцеларија во земјата по нејзината независност. Оттогаш УНИЦЕФ е меѓу првите кои обезбедуваат хуманитарна помош во време на криза и работи со партнерите за да обезбеди сите деца да уживаат во правото на опстанок и напредување, правото да учат и да пораснат здрави и безбедни.

„Во последниве неколку децении, заедно со владините партнери, донаторите, посветените застапници и поддржувачи постигнавме импресивен напредок за децата. Сепак, многу деца се изоставени само поради тоа каде живеат, поради социјалната положба на нивното семејство, етничката припадност или попреченоста“, продолжи г-ѓа Ериксон. „Сега, повеќе од кога било, сите ние мора да се насочиме кон ставање на најмаргинализираните деца во преден план, за да оствариме резултати за секое дете“.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“