14 Мај, 2024
0.0250

9 виолини од Лајонс Клубот за Државно музичко училиште

Објавено во: Стил 23 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

На Државното музичко училиште во Битола, му беа доделени девет виолини од овогодинешниот црно-бел бал на Лајонес Клубот. На овогодинешниот црно-бел бал што го организираше Лајонес Клубот во Битола, беа доделени девет виолини на државното музичко училиште. 907bcdba-8efb-48f1-a3da-52f4eb584bff

„Пријателството и филантропијата се среќаваат на едно место, а овој пат ги затопливме срцата на виолинистите од Државното музичко училиште. Со собраните средства им купивме 9 виолини на младите таленти кои ја продолжуваат мисијата ова училиште да ги дава најголемите музички таленти“ велат од Лајонс клубот Битола.

8b42f0cc-ef06-4ff3-8b62-ddf55aeb6fa7

На балот присуствуваше и Амбасадорката на Австрија во Република Македонија Ренате Коблер заедно со почесниот конзул на Австрија во Битола Валентина Илиева. Оваа година на овој бал се славеше пријателството со Австрија.

 Беа прогласените новите членови, а беа доделени награди и признанија за заслуги во годината која изминува.