29 Април, 2024
0.0333

А1 Македонија го најавува A1 Game Fest 2019 - најголемиот гејминг настан за оваа година

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

– А1 Македонија со гордост го најавува A1 Game Fest 2019, најголемиот гејминг настан за оваа година што ќе се одржува во наредните два дена, 14 и 15 декември, овојпат во просторот на киното Cineplexxво Skopje City Mall.Влезот е бесплатен.

На оваа уникатна и најголема викенд забава за сите гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и сите кои уживаат во најважната - споредна работа на светот – игрите, натпреварувачите ќе ги одмерат силите во CS:GO, DOTA 2, Hearthstone, Cosplay, Fortnite, Tekken 7, Fifa20, Clash Royale. Наградниот фонд годинава е дури четирипати повисок од минатата година, во висина од околу 10.000 евра.

Оваа година нема да изостане ниту Cosplay натпреварот во маскирање , а сите пасионирани играчи на игрите од минатото ќе можат да го споделат своетo знаење во Ретро корнерот.

Како и минатата година, ќе се игра непречено на супер брз и стабилен интернет на А1, сите натпревари ќе бидат проследени со коментатори за секоја игра посебно, а стримани на LIVE фидот на Facebook страната на A1 и Twitch каналот на GG.MK.

Нема да изостанат награди и за посетителите на настанот кои ќе бидат дел од овој настан.

А1 Македонија е постојано во чекор со времето и актуелностите на светската телекомуникациска сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата, а гејминг заедницата во земјата незапирливо расте. A1 Game Fest е уште еден придонес на компанијата кон негување на оваа култура со идеја истата да ја поддржува и унапредува.

Можеби ќе ве интересира

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа