17 Мај, 2024
0.0356

АА во Влада - Редовен пациент или „лек“ за хроничните болки на Ахмети и Ковачевски

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Влезот на Алијанса за Албанците во Влада и повторно коалиција со СДСМ и ДУИ има три главни цели кои треба да ги исполнат надежите на Ковачевски и Ахмети за продолжен живот на политичката сцена.

Со АА ќе се засили тенкото парламентарно мнозинство и ќе се засили легислативната агенда на власта, ќе се спречи шок од губење на мнозинството со нови осум пратеници кои лесно би замениле некој пребегнат од Огнената група на ДУИ или помалите коалициони партнери на СДСМ како ДОМ или ДС.

И што е симболички најважно ќе се испрати порака дека се создава окрупнување во парламентот кон двотретинско мнозинство иако секако без поддршка на неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата тоа ќе биде далеку од остварливо.

За принципите врз кои ќе се создава новата коалиција разговараме со Исен Салиу новинар и аналитичар.

„Редовни пациенти“

Што ќе значи за АА првенствено кои веќе еднаш беа во влада со СДСМ и ДУИ?

„Многу околности, барем според тоа што го тврдат во АА, се слични како во 2017 година - и тогаш влегоа во Влада да го спасат евроатлантскиот процес на државата, после долг застој за време на владеењето на Груевски, и сега го прават истото за да се исполнат условите за почеток на преговори со ЕУ. Мислам дека АА извлекле поука од лошото искуство на коалицирање со СДСМ и ДУИ во 2017 година, па сигурно овој пат побарале поголеми гаранции за да не се повтори тоа искуство", вели новинарот и аналитичар Исен Салиу.

Што ќе преземе Огнената група во ДУИ, дали заканите за повлекување од пратеничката група на овој начин ќе им бидат „задушени“ уште пред да се распламтат?

„Мислам дека тоа многу ќе зависи како ќе се финализират преговорите за проширување на новото мнозинство. Голема улога врз натамошното делување на Огнената група ќе зависат од тоа дали Алтернатива ќе остане во владата, или ќе преминат во опозиција“.

Досега најмалку двајца пратеници на ДУИ се декларираа јавно како дел од Огнената група и токму можноста да ја „соборат“ власта им беше еден од најсилните адути во рака.

За нив императив е промена на кадри како Груби и Османи и можно е при ново компонирање на владиниот состав да се излее нивното незадоволство, но тоа нема да прерасне во силен пожар бидејќи пратениците на АА ќе делуваат како ПП апарат.

„Исто така многу зависи и при распределување на министерствата и другите функции дали ќе се создадат нови незадоволства во структурите на ДУИ, и дали во тие евентуални незадоволства би биле опфатени и нови пратеници на оваа партија", вели Салиу.

Што ќе значи за албанската опозиција на наредните избори, колку ќе биде поклопена од ДУИ со менувањето страни и позиции и колку тоа може да го искористи БЕСА како единствена опозициона албанска партија?

„Досегашното искуство покажа дека албанските опозициони партии најдобри резултати постигнуваат кога се „опозиција внатре во власта”. Тоа мислам дека е поради долгото владеење на ДУИ, што за последица има губење на волјата кај опозиционо настроените албански гласачи јавно да ги искажат своите ставови.

Така, ако успее Алијанса да делува како опозиција во рамките на власта, односно ако обезбедат простор за такво деување, мислам дека ќе оди во нејзин прилог. Ако не, тогаш за Беса се создава поголем простор за опозициско делување, а со тоа и нејзино окрупнување кај електоратот“, заклучува Салиу.

Х. С. 

Можеби ќе ве интересира

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи