26 Април, 2024
0.0277

АД ЕЛЕМ РЕАГИРА: Нема неконтролирано испуштање на вода од Охридско Езеро, одредени политичари манипулираат со чаршиски шпекулации

Објавено во: Мои пари 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Одредени  политички субјекти  во обид  да заработат ситни дневнополитички поени без ниту еден аргумент ,  преку паушални обвинувања и  шпекулации кои се надвор од било каква логика  го поврзуваат нискиот  водостој  на Охридско Езеро со производството на електрична енергија.  АД  Електрани на Македонија  во насока на целосно информирање на јавноста уште еднаш повторува дека  го прилагодува испустот на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим според  котата на езерото во согласност со референтните податоци на УХМР, како и според страничните дотеци во сливот на ХЕЦ Глобочица.

Согледувајќи го сушниот период во охридското сливно подрачје, истекот се прилагодувал согласно водостојот на Охридското Езеро.  Следејќи ги хидролошките состојби, АД ЕЛЕМ во изминатиот период го редуцира и  во целост го прилагоди  и оптимизира производството на електрична енергија од хидроцентралите по течението на Црн Дрим во согласност со дотеците и хидролошката состојба. Иако во јануари, АД ЕЛЕМ го натфрли производствениот биланс од домашните капацитети  за повеќе од 8 проценти,  за истиот период  ХЕЦ Глобочица не го исполнила месечниот план за производство,односно произвела 38,1 отсто помалку електрична енергија во однос на очекуваното. Истото важи и за ХЕЦ Шпилје која во јануари испорачала 32 отсто помалку електрична енергија во однос на билансот.  Потсетуваме дека  на сила на неодредено време е воспоставениот режим на биолошки минимум  што подразбира испуст од 3,5 кубни метри во секунда кој задолжително мора да се обезбеди за одржување на биодиверзитетот по течението на реката Црн Дрим.  Во тој контекст, во целост ги отфрламе  политичките наводи  дека водата се испуштала неконтролирано.

Според историјатот на податоци на ХЕС Црн Дрим, просечен истек  за  јануари во периодот од 1966 до 2016 година изнесувал 21 метри кубни во секунда. Во јануари годинава, измерен е просечен истек од 18 метри кубни во секунда и тој во континуитет се намалувал. Максимален истек во јануари е регистриран во 2003 година кога изнесувал 47,5 метри кубни во секунда, додека минимален регистриран  истек е 2,3 кубни метри во секунда, во 1967 година. Намаленото ниво на езерото  се должи пред се, на рекордно намалениот дотек на вода во декември и во јануари, особено во декември лани, кога бил измерен просечен дотек на вода од 7 метри кубни во секунда,  најмал од 1965 година, па досега. Инаку, досегашниот просечен дотек во сливот на ХЕЦ Глобочица за период од 1 заклучно со 31 јануари изнесува 11, 37 метри кубни во секунда(дотек во Охридско Езеро и дотек од локален слив) што овој јануари го прави втор по сушност од 1965 година до денеска. Најсушен jануари е регистриран во 1989 година со просечен дотек од 9.45 метри кубни во секунда. Според историјатот во кој се бележат котите на Охридското Езеро, од 1965 година па наваму, се регистрирани коти и до 693.00 м.н.в.  Може да се забележи дека сушните периоди и сушните години  се проследени со изразено ниски коти на Охридското Езеро.

АД ЕЛЕМ преку својата подружница ХЕС Црн Дрим и понатаму ќе ги презема сите расположливи мерки во насока на зголемување на водостојот на Охридското Езеро кој се очекува да расте во наредниот период особено со зголемувањето на надворешните температури и топењето на снегот на околните планини,како и поради очекуваните врнежи од дожд и снег што директно ќе придонесе за зголемување на дотеците во езерото. 

Можеби ќе ве интересира

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи