14 Мај, 2024
0.0322

Адора инженериг и Тамара Тодевска во хуманитарна акција за денот на децата

Објавено во: Стил 18 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

По повод 20-ти ноември, Светскиот ден на децата, менаџментот на Адора инженеринг и музичката ѕвезда Тамара Тодевска, ги посетија децата во СОС Детско село и Домот за деца без родители 11 Октомври во Скопје.

Околу 120 деца во двете установи добија влезници за првиот солистички концерт на Тамара, што ќе се одржи на 27-ми ноември во Скопје.

Децата згрижени во двете установи со големо гостопримство, радост и возбуда ги пречекаа Тамара и претставниците на Адора инженеринг со кои заедно пееа, играа, си подарија внимание, насмевки ипрегратки, со желба заедно да дадат придонес во изградбата на поубаво и посреќно општество за сите.

„Децата се нашата иднина и одговорниот однос кон најмладата популација и ранливите категории граѓани, значи грижа за наше заедничко подобро утре . Една искрена детска насмевка и среќно детско срце вредат повеќе од сѐ на светот” -порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг.

Децата ги покажаа своите музички и танцувачки таленти пред гостите, се фотографираа со Тамара и дојдоа до идеја за специјално изненадување што ќе го приредат заедно со музичката ѕвезда на нејзиниот концерт на 27-ми ноември воСкопје.