Добивај вести на Viber
Можноста за да се регистрираат броевите на корисниците на при-пејд картички, кои досега тоа не го направиле сеуште можат кај своите мобилни оператори, информираше денеска Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Регистрацијата може да се изврши со идентификување на претплатникот на самото продажно место со проверка на податоците од оригинален и валиден документ за идентификација, повикување од претплатникот на посебно утврден број каде ќе може да ги наведе бараните податоци (Т-мобиле - 1233, Оне оператор - 14181, Вип оператор - 140150), испраќање на податоците од страна на претплатникот преку кратка текстуална порака на посебно утврден број, внесување на податоците од претплатникот преку соодветна интернет страна (веб портал) или друг начин утврден од операторите и/или давателите на услуги.
Како што се вели во соопштението на АЕК, причина за реализирање на проектот, поддржан од трите мобилни оператори во државата, се податоците и искуствата кои покажуваат оти користењето нерегистрирани при пејд картички знае да предизвика несакани последици.