29 Април, 2024
0.0256

АЕК ќе ја троши милионската заштеда за да помогне во кризата

Објавено во: Економија 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации ќе ја троши заштедата од повеќе од 7 милиони евра собрана од претходните години за да помогне во борбата со економската штета предизвикана од корона вирусот. Тоа значи дека безмалку заедно ќе се потрошат 16 милиони евра.

Регулаторот кој се финансира од телекомуникациските оператори предлага ревидиран годишен финансиски план за 2020 година на кој на постоечките 520.550.000 денари ќе ги придодаде вишокот финансиски средства од минати години во износ од 296.253.971 денари и вишокот од претходна година во износ од 140.167.545 денари по оданочување, или  вкупно 436.421.516 како нереализирани средства.

Најмногу од овие пари ќе се трошат на капитални инвестции, кој инаку не беа значително планирани за 2020. Сите пари, или безмалку 200 милиони денари, ќе се потрошат на антенскиот систем за контрола и мониторинг на Водно. Од нив, 2,5 милиони евра ќе бидат за изградба во текот на годината, а останатите за надзор и за проектантскиот надзор.

Дел од парите ќе се распределат за донации, каде што на планираните 6 милиони денари, ќе се придодадат сега уште 60 милиони денари. Овие милион евра од АЕК велат дека ќе служат за борбата против Ковид-19.

Ќе се трошат повеќе пари за купување софтвер и хардвер и агенциски услуги и разни системи. Плус 56,5 милиони денари ќе бидат користени за дополнителна опрема, како и дополнителни 30 милиони денари за информатичка опрема. Ќе се трошат повеќе пари за службите и секторите.

Ќе се даваат повеќе пари за пдообрување на животната средина и обуки. За еднократна парична помош на вработените се овозможени 20 милиони денари на инаку по старо испланирани 500.000 денари. По неколку милиони денари ќе одат за осигурување, хигиена, наемнини, одржување, логистика и поправки.

- Комисијата оцени дека со реализацијата на истите во Годишниот финансиски план за 2020 година, ќе се овозможи тековно функционирање на редовното работење и ќе се поттикне развојот на електронските комуникации и информатичкото општество и ќе се обезбеди добробит за сите граѓани во Република Македонија, се вели во одлуката на АЕК.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа