18 Мај, 2024
0.0487

АЕК: Подземната телекомуникациска инфраструктура достапна на интернет

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Македонија доби регистар на јавна електронска комуникациска инфраструктура, која ги опфаќа сите податоци за подземните и надземните телекомуникациски водови и инфраструктура од сите оператори. Софтверот кој го имплементираше Агенцијата за електронски комуникации од денеска е достапен за корисниците.

Како што појаснија од АЕК, софтверот овозможува комуникација со останатите државни институции, со што се обезбедува поголема заштита од оштетувања при градежни работи, полесен пристап до информации и објавување податоци за слободните капацитети на операторите. За проверка на постоењето или непостоењето на подземна јавна електронска комуникациска инфраструктура од страна на граѓаните, Агенцијата подготви веб страница http://tkmrezi.aek.mk/gisPublic/. Корисниците со избор на радиусот во кој се пребарува, зумирање на определено подрачје и кликнување на картата добиваат информација дали постои подземна јавна електронска комуникациска инфраструктура.

„Имплементиравме Софтвер за електронски регистар за јавни електронски комуникациски мрежи и инфраструктура, бидејќи сметаме дека граѓаните на Македонија треба да добијат информации за подземните и надземните телекомуникациски водови, за слободните капацитети и целокупната инфраструктура. Со помош на овој софтвер ќе се олеснат и осигураат сите градежни активности од можни проблеми и оштетувања при градежни работи.  Дополнително, софтверот ќе ја олесни комуникацијата помеѓу сите засегнати институции, а со тоа ќе се забрза и олесни постапката за реализирање градежни работи на територијата на Македонија“, изјави директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски.

Проектот АЕК го работеше една година. Според Ордановски, добиле податоци од сите оператори и оти од денеска се што е присутно во Атласот е легална мрежа, а се што не е присутно е нелегална.

Од утре, рече тој секој оператор што ја нема пријавено својата мрежа во атласот на АЕК има нелегална мрежа и на тоа следат санкции како казна од седум до 10 проценти од годишниот приход.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада