05 Мај, 2024
0.0233

АГЕНТ НА ЦИА ОТКРИВА: Распадот на Југославија беше испланиран, еве кој се збогати

Објавено во: Стил 02 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Поранешен агент на американската разузнавачка служба ЦИА, зборува за распадот на Југославија и открива кој стои зад тоа.

Агентот Роберт Баер тврди дека тој и  неговите колеги  добиле по милиони долари за да поттикнат незадоволство и распад на Југославија.

robert-baer

„Подмитувавме политичари кои поттикнуваа омраза меѓу народите” – тврди Баер

Поранешниот агент истакна дека за време на војната во БИХ еден американски сенатор му рекол дека Сребреница ќе биде главна вест на сите светски медиуми.

„Дури ни рече дека можеме и да соработуваме со медиумите” – вели Баер.

Агентот прв пат во Сараево дошол во јануари 1991 година заедно со уште тројца колеги.

„Наша задача беше да внимаваме на српските терористи кои сакаа да го нападнат градот. Имавме информација дека ќе има неколку терористички напади во градот, поради намерата на БИХ да се отцепи од Југославија. Но, тоа беше лага, нашите шефови нас не лажеа. Нашата примарна задача беше да ширеме паника меѓу политичарите дека ќе дојде до напад” – вели Баер.

Тој додава дека во Словенија, која била спремна за независност, неговиот тим добил неколку милиони долари за да ги финансира невладините организации, опозициските партии и политичари за да промовираат омраза.

„ Целта на пропагандата беше да се распадне Југославија” – признава агентот.

Тој напоменува дека ониe кои го предизвикаа распадот, сега ги користат природните и други ресурси од земјите од бивша Југославија.

„Едноставно од вас направија робови. Сега Балканот е увозно зависен од многу ресурси. А тоа беше и целта” – изјави  Роберт Баер

Поранешниот агент на ЦИА Роберт Баер, е многупати апсен поради откривање на државни тајни. Ова интервјуто го дал за WebTribune, на неговата промоција на книгата „Тајните на Белата куќа".