Ахмети: Иванов да не прави акробации, мандатот да го даде на Заев
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2017
Лидерот на ДУИ Али Ахмети очекува претседателот Иванов да не ги повторува „акробациите“ и веднаш да го додели мандатот за составување на Влада на Зоран Заев кој е избран од новото парламентарно мнозинство.
Првиот „интегративец“ му дал и поддршка на Заев да му ги даде на претседателот Иванов потребните гаранции за зачувување на унитарноста.
Ахмети по посетата на канцеларијата на ЕУ во Скопје посочи дека се разговарало за начините на кои треба да се продолжи со активностите во Собранието, особено во делот за постигнување на договор за измена на изборниот законик и одредување на датум за локалните избори.
Извор: 24vesti.mk