Ахмети од Слупчанe: ОНА составен дел од историјата на Северна Македонија
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2022
Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети од Слупчане, по повод отворањето на спомен-кулата во чест на загинатите од конфликтот во 2001 рече дека овој споменик ги обединува народите од северна Македонија.
Ахмети истакна дека ОНА е составен дел од историјата на Северна Македонија, преку која е постигнат Охридскиот договор, кој потоа доведе до Договорот од Преспа, кој го обезбеди членството на земјата во НАТО.
„Овој споменик не не дели, овој споменик не обединува. Ослободителната национална армија е дел од нераскинливата историја на оваа земја. Не може да има историја оваа земја без ОВК, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор како резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не направи членка на НАТО“, изјави меѓу другото Ахмети.