АХМЕТИ ПОТПИША СО СКЕНДЕР РЕЏЕПИ: Kaко ќе ги мобилизираат гласачите?
Објавено во: Македонија 19 Март, 2024
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети со Европскиот фронт ќе ги мобилизира гласачите.
Ахмети потврди дека веќе подолго време се преговара и со други партии. Тој се надева на поддршка и соработка и со ДПА на Мендух Тачи, со Европска демократска партија (ЕДП) на Аријанит Хоџа и со крилото на Зијадин Села во Алијанса за Албанците. Повик за соработка упатија и до другите заедници во земјата, но не и до македонските партии.
„Денеска е историски ден - се отвара поглавје кое се нарекува Европски фронт, кое ќе се памети долго во историјата, оти ќе донесе промени во општеството“, рече Скендер Реџепи - Зејд.
Тој изјави дека промената ја прават тие коишто се на вистинската страна, во вистинско време и со вистинската програма.