АХВ: Ако сте купиле вакво млеко, немојте да го пиете, вратете го во продавница
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2023
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека производот – млеко „МИЗО“ со масленост од 2,8 отсто, се повлекува од продажба во маркетите поради несоодветен квалитет и измама на потрошувачите.
„Рок на употреба: 20.06.2023. Потекло: Млекара Лесковац, Република Србија. Увозник: Бадев ДООЕЛ Кавадарци Дистрибутер: Бадев ДООЕЛ Кавадарци. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот рок на употреба, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле“, соопшти АХВ.
Велат дека во случајот со ова млеко не е загрозена безбедноста на производот, но дека во него било утврдено присуство на растителни масти.