26 Април, 2024
0.1757

Ајхан Узун, Генерален Директор на Рамсторе Македонија

Интервју Ајхан Узун: Препознатливи сме по гаражните распродажби

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Рамстор Мол е прв во многу нешта, првиот трговски центар од таков вид што разви и понуди нови концепти не само за купување, туку и за квалитетно поминато време во простор со содржина и забава за секого. Рамстор Мол е првиот што на овие простори го претстави и започна вистинското сезонско намалување и распродажби – сега веќе традиционалната и долго очекувана Garage Sale акција, која се одржува по шести пат. За идејата позади ова, за концептот, содржините, плановите и зошто довербата дадена на Рамстор е оправдана, разговараме со генералниот директор, Ајхан Узун.

Фактор: Изминатите години сме сведоци на раст на бројот на трговски центри, а намалување на квалитетот на понудата. По што се разликува Рамстор од сите останати трговски центри?

Ајхан Узун: Квантитетот секако не значи автоматски квалитет. Но затоа пак значи поголема конкуренција, која треба да донесе до подобрување на понудата. Кога на пазарот сте прв, како што е Рамстор, со своето појавување поставувате стандарди кои потоа ги следат останатите. Едноставно не се „тркате” со никого туку развивате идеи, новитети, нов начин на размислување. Тоа е идејата на квалитетот, да се натпреварувате со развој, а не со бројни понуди каде нема содржина. Затоа, внимаваме секоја наша акција да има содржина, да има основа врз која ќе се гради таква понуда. Секој потрошувач треба да добие вредност за своите пари, а таа вредност не е моментално задоволство, туку се гради со долгорочна комуникација. Ние се разликуваме по тоа што сме иноватори во сегментот на понудата, затоа и гаражната распродажба што ја организираме по шести пат има успех, бидејќи не станува збор само за ветување за големи попусти, туку и за вистинско спроведување на истите. Она што го гледате, тоа и го добивате.


Фактор: Зошто се решивте на ваков тип распродажба?

Ајхан Узун: Затоа што оваа распродажба, прва од ваков тип во земјава има за цел да ги задоволи потребите на потрошувачите кои преку вистински попусти ќе дојдат до посакуваниот производ. Од друга страна пак, нашите закупци ќе може да ги понудат своите производи пред крајот на сезоната. Ова е победничка релација на двете страни, а секако ние сме среќни кога и двете страни се задоволни. Видете, кога поставувате стандарди како лидер во овој сегмент, како прв од модерните трговски центри, нормално е да ве следат, но исто така постојано треба да изненадуваме, што е и наш принцип на работа.

Фактор: Зошто оваа распродажба е поинаква од другите?

Ајхан Узун:  Во текот на нашето 11 годишно постоење покажавме дека сме поинакви по многу нешта. Ние најдовме начин како да комуницираме со нашите потрошувачи. Кај нас се чувствува топлината на просторот, новините се лесно видливи и постојано се менуваме. Се менуваме како што се менуваат потребите на потрошувачите. Тие потреби треба да ги осознаете, да ги предвидите, да излезете со решение како да ги задоволите. Оваа распродажба го прави токму тоа, попусти до 70% во тек од пет дена, преставува можност за одличен шопинг по реални попусти.

Фактор: Што се ќе биде дел од оваа распродажба од 7ми до 12ти февруари?

Ајхан Узун: Големи попусти пред сè, во сите продавници на Рамстор Мол и во Супермаркетот Рамстор за одредени производи. Но исто така, не треба да се заборави дека и овој Garage Sale ќе биде проследен со многу други, последователни активности. Организираме мини настани, атракции, изненадувања, се што купувањето ќе го направи уште попријатно искуство, дали за целото семејство, или пак за пријателски шопинг. Идејата зад целиот овој наш ангажман е да создадеме уште едно забавно искуство, момент на опуштеност и смеа, по што дома ќе си заминете задоволни од одличниот шопинг, но и со чувство дека сте поминале еден прекрасен ден во Рамстор Мол.

Фактор: Што да очекуваме од Рамстор Мол оваа година?

Ајхан Узун: Со сигурност можам да ви кажам дека ќе имаме уште една интересна година која ќе понуди за сите наши потрошувачи вистински и незаборавни  изненадувања.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“