05 Мај, 2024
0.0250

АКАДЕМИК БЕЏЕТИ ЗА ФАКТОР: Добра идеја е Договор или рамка за економски реформи, за пет до седум години долгот мора да го сведеме до 54 отсто од БДП, сега е 64,4 проценти

Објавено во: Финансии 17 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер на земјава, Хари Костов, кој е долгогодишен прв човек на Комерцијална банка и добар хроничар и познавач на економските прилики, ја разбранува јавноста кога на конференцијата по повод 20 годишниот јубилеј од Охридскиот договор, кажа дека нас ни треба еден нов Договор, но тој да биде строго за економски реформи и за одредување на клучните економски траси, од кои не би смеела да застранува ниту една политичка партија кога ќе дојде на власт.

Костов потенцира дека такви одлучни реформи би требало да се спроведуваат најмалку во следниве десетина години, и за нив да мора да постои консензус меѓу политичките партии. Самиот е свесен дека тоа тешко би се постигнало со нашите крајно спротивставени политичари и партии, кои, како што објасни на шега, не можат ни да се договорат каде изгрева и каде заоѓа сонцето.

Ткн. Нов рамковен договор за економски реформи за кој се залага, како што објасни, би значел договор меѓу сите релевантни политички партии, со учество на науката и бизнисот, за економски реформи и мерки за кои ќе постои согласност дека ќе мора да се применуваат без оглед која партија ќе биде на власт, и за тие реформи потоа да нема партиски препукувања.

КЛУЧНИ СЕ ЗАДОЛЖЕНОСТА И ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

„Тие области би биле - задолженоста на државата и мерки за нејзино сведување во подносливи рамки. Во последнава деценија дојде до експлозија на задолженста на Македонија, главно како последица на Скопје 2014, а во последниве година две и заради справување со последиците од ковид кризата. Веќе драматично е стеснет просторот во кој Македонија ќе може да се задолжува за економски оправдани проекти во областа на енергетиката, патната и сообраќајната инфраструктура, образованието, здравството.Следна неопходна реформа е рационализација на јавната администрација и преструктуирање на буџетската потрошувачка.Државната администрација треба да се сведе на некоја разумна бројка, како што е тоа во земјите со слична големина, и да престне да се користи за вработување на партиски припадници, туку да се вработуваат според степенот на квалификации“, нагласи меѓу другото Костов, кој се досега не сакаше премногу да ги каѓува своите ставови во јавноста. .

Тој рече и дека не е наивен да очекува дека партиите е можно да склучат таков договор, туку дека овој негов предлог ќе наиде на „тврди уши и игнорирање“.

За идејата на Костов за еднаш засекогаш постигнување договор за економски реформи од кој не би можело лесно да се отстапува, Фактор разговараше со академик Абдулменаф Беџети, врвен економски експерт во земјава.

Тој вели дека ја поздравува оваа иницијатива, и дека всушност не е прв пат да се укаже оти на Македонија и е потребен консензус за клучните реформи, кои ќе бидат прецизно поставени и нема да може било кој да ги менува на секои избори и на секој изборен циклус.

ЈАВНИОТ ДОЛГ СТИГНА ДО 64,4 ОТСТО ОД БДП

„Не е прв пат укажано, и од многу експерти и бизнисмени, дека на земјава и треба консензус за стратешките и структурни економски реформи околу кои би се усогласиле носечките политички партии. Дали тоа ќе се вика договор, или според мене, подобро би било да е еден вид рамка или модел, но во секој случај, тоа би било добро за земјава“, вели Беџети.

Академикот смета дека е најдобро првично да се тргне со консензус за модел за одржлив економски раст и развој, кој не би смеел да се менува после секои избори. И тука клучната реформа ќе биде неопходната фискална консолидација на земјава и скротување на јавниот долг, однолсно враќање на државата на нивоата на долг кои ќе ни го овозможат неоходниот фискален простор како држава, бидејќи таков фискален простор, ние повеќе, едноставно немаме.

Инаку, според најновите податоци, заклучно со 30 јуни годинава односно крајот на првото полугодие, јавниот долг на земјава достигна дури 64,4 отсто од бруто домашниот пртоизвод, или 7,4 милијарди евра.

Ова е историски највисок долг кој во последниов период го имала нашата држава.

Академик Беџети нагласува дека Македонија не смее да има јавен долг повисок од 52 до 54 отсто од БДП. Иако, како што објаснува, не би смеело да се стави равенка меѓу растот на јавниот долг пред повеќе години, кога тоа се случи заради изградбата на Скопје 2014 година, за крајно непродуктивни цели, и во последниве две години, кога државата едноставно мораше да се задолжи поради ковид кризата, со цел да донесе мерки кои му помогнаа на стопанството и граѓаните полесно да ги пребродат последиците. Меѓу тие две работи има суштинска разлика, и впрочем, со такви мотиви речиси сите земји во светот ја зголемија својата задолженост меѓу 10 и 15 проценти.

ЗА ПЕТ ДО СЕДУМ ГОДИНИ ДОЛГОТ МОРА ДА СЕ СИМНЕ ДО 54 ОТСТО

„Тоа е и научно и емпириски докажано, дека нивото од 52 до максимум 54 отсто од БДП е нивото на долг кое земјава може да го поднесе. Не повеќе од тоа. И затоа во тој договор или рамка мора да се зададе задача јавниот долг на земјава да не биде повисок од 52 до 54 отсто. Тоа е нешто што не би можело да се постигне преку ноќ, но треба да се зададе задача да се оствари во следните пет до седум години - да се намали јавниот долг до тој процент, и од тоа да не отстапуваат политичките партии, без разлика кој ќе ја практикува власта во државата“, објаснува Беџети.

Според академикот, и порано имало идеи дека треба „дури и во Уставот да се стави дека јавниот долг не би смеел да надмине 60 отсто од БДП“. Но, тој нагласува дека земјава не би била подготвена за таква своевидна „челична кошула“, особено не во услови на пандемија, па затоа е најдобро тоа да се прави умерено и постепено, и да се одвива во следните неколку години.

Истото важи и за идејата да се рационализира јавната администрација и таа да престане да биде прибежиште на партиски кадри, туку строго на професионалци.

ТЕШКО РЕФОРМИ БЕЗ МЕЃУНАРОДЕН ПРИТИСОК

Академик Беџети се сомнева дека во Македонија сам од себе би можел да се постигне таков консензус. Според него, тоа е можно само со меѓународен притисок, односно кога некоја меѓународна институција би ни наметнала таква рамка, какви што своевремено беа аранжманите со Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

Се покажа дека ние немаме капацитет тоа да го постигнеме сами, објаснува Беџети, туку да има меѓународен притисок, какви што порано беа аранжманите со ММФ и светска банка. Инаку, и досега се носеа фискални стратегии, но нив ги менуваат партиите како ќе дојдат на власт.

Затоа, според него, најдобро е сепак да постои некој документ, кој би бил усвоен и од Собранието, кој би морал да биде почитуван и од власта, и од опозицијата, кој и да се менува на тие две улоги.

„Да не смее тие економски реформи и цели да се условуваат, туку за сите партии да бидат заедничка обврска“, потенцира академик Абдулменаф Беџети.

Нина Нинеска-Фиданоска 

фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот