07 Мај, 2024
0.0273

Академик Таки Фити: Длабок буџетски дефицит и Јавен долг водат кон раст на даноците!

Објавено во: Анализа 15 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Стапките на дефицит и на Јавен долг сеуште се на ниско, умерено ниво, но клучното прашање е дали економијата има кондиција навреме да ги сервисира обврските кон кредиторите – оценува академик Таки Фити. Посочува дека за македонската економија одржлив буџетски дефицит би бил на ниво од 1,5%. „Буџетски дефицити од 3,6% на прв поглед претставуваат скормни дефицит како учество во БДП и често пати можат да бидат третирани како нормална антициклична мерка. Истото може да се каже и Јавниот долг кој што сега се проценува на 34,4% од БДП, но притоа тука треб да да се има предвид дека станува збор за јавниот долг на Централната влада, односно ние немаме податоци за долговите на општините, потоа тука се дефицитите или долговите на јавните претпријатија, така да долгот ќе испадне прилично поголем од оној што сега се прикажува како долг на Централната Влада. “ – вели академик Фити и додава : „Процентите не се високи, но ние оваа проблематика мора да ја гледаме низ призмата, можностите и капацитетите на македонската економија за финансирање на буџетските дефицити и кондицијата за нормално сервисирање на јавниот долг, особено од аспект на слабите извозни перформанси на македоснката економија. А тое е еден сериознен и еден клучен проблем. Од досегашниот изминат период јасно е дека голем дел од тие буџетски дефицити завршија за непродуктини трошења како админситративни згради , споменици и така натаму. Дополнително сите тие објекти ќе бараат екстра - трошоци а од друга страна имаат многу слаби а во некои случаи и негативни мултипликативни ефекти.“ – сумира академикот. Тој смета дека во годината што следува треба да се намалува дефицитот, односно долгот, што би значело намалување на владината потрошувачка. Иако владата засега останува на ставот дека нема да има потреба од зголемување на данците, ако се соочи со висок долг тогаш ќе треба похрабро да го намали дефицитот за а опстои на сегашната даночна политика – објаснува Фити.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад