18 Мај, 2024
0.0279

Акција на Халкбанк за садење 6000 дрвја околу езерото Младост обезбедени преку апликацијата HalkEco

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Вработените во Халкбанк заедно со работници од Македонски шуми и активисти кои ја користат мобилната апликација HalkEco, денеска на падините околу велешкото езеро Младост спроведоа акција за садење 6.000 дрвја. Оваа локација минатата година беше зафатена  со катастрофалниот пожар којшто уништи огромна површина боровa шумa. Дрвјата кои банката ги обезбеди и кои треба да помогнат за обнова на изгорените површини и повторно зазеленување на оваа туристичка локација, се резултат на кампањата HalkEco што започна минатата година и има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност.


„Халкбанк посветувајќи се кон подигнување на еколошката свест во нашата земја, минатата година направи еден значаен чекор и во таа насока ја разви мобилната апликација HalkEco. Оваа апликација е одлично прифатена од страна на корисниците, не само од оние кои редовно спортуваат, туку и од обичните граѓани кои решија со нејзината употреба да дадат свој придонес во засадување нови дрвја и заштита на животната средина. Ние во Халкбанк сме задоволни што во моментов имаме речиси 4 500 корисници на апликацијата кои со својата физичка активност ни дадоа обврска да засадиме над 2000 дрвја, ова е обврска која како банка со задоволство ја прифаќаме. Со нивните изминати над 160 000 километри евидентираме и намалување на емисија на штетни гасови за над 20.700 CO2 кг. Се надеваме дека со денешната акција, која ќе опфати пошумување на површина од околу 3 хектари, ќе успееме да помогнеме побрзо да се санираат и последиците од пожарите кои лани не само што ја нарушија убавината на околината на езерото Младост, туку и ја намалија функцијата на „белите дробови“ на Велес “, вели Маја Наумовска Савеска од Дирекцијата за односи со јавноста во ХалкБанк.

Мобилната апликација HalkEco е дизајнирана така што на секои реализирани 80 километри, како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата и се регистрирани на неа, Халкбанк засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја. Истовремено, сите кои ќе ја симнат апликацијата, со нејзиното активирање и користење при пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, добиваат HalkCoins. Банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци, според вредноста на собраните HalkCoins, ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.


Халкбанк досега веќе спроведе една акција во која засади 152 дрвца во училишните дворови на основни училишта во Скопје и низ повеќе градови.

Оваа банка како еко ориентирана компанија, во последните 8 години има финансирано повеќе од 6.000 еко проекти во износ од 36,6 милиони евра. Емисијата на јаглероден диоксид досега е намалена за 37 илјади тони годишно, а со истите проекти се заштедени 130.000 MW/h електрична енергија.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата