05 Мај, 2024
0.0270

АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СЕГА СЛОБОДНО ЌЕ СИ ЗЕМАТ ДИВИДЕНДА - НБМ го укина ограничувањето

Објавено во: Финансии 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка денес одржа седница на којашто ги разгледа најновите показатели и оцени за банкарскиот сектор, во контекст на донесената Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, соопшти централната банка

„Оваа одлука беше донесена во февруари оваа година, во согласност со препораките на Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка. Целта беше да се делува превентивно за натамошно зголемување на отпорноста на банкарскиот систем и одржување на стабилноста, во услови на неизвесност и продолжени ефекти од кризата oд пандемијата на ковид-19. Како што беше соопштено при носењето на Одлуката, таа предвидува обврска најдоцна до септември 2021 година, Советот на Народната банка повторно да ги оцени околностите со пандемијата поради кои всушност е донесена Одлуката“, се вели во соопштението.

Ова значи дека и акционериите на Комерцијална банка, кои во мартр годинава за таа одлука на НБМ поведоа постапка пред Уставниот суд на земјава, ќе земат дивиденда. 

Инаку, од НБМ велат дека постапувајќи согласно со предвидената обврска во Одлуката, Советот ги разгледал актуелните околности и во глобалното и во домашното окружување, како и показателите за банкарскиот систем за првата половина од оваа година и одлучил да ја укине Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда. Одлуката за укинување стапува во сила на денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“.

„Имено,согласно со оцените на меѓународните финансиски институции и централните банки на водечките економии, во глобални рамки економскиот амбиент се подобрува, поддржан од масовната имунизација против ковид-19, што заедно со одржаниот монетарен и фискален стимул за поддршка на економиите, ги намалува ризиците за глобалниот економски раст. Согледувајќи намалени ризици поврзани со пандемијата на ковид-19, Европската централна банка на 23 јули 2021 година донесе одлука за укинување на привремените ограничувања во однос на дивидендите, а заклучно со 30 јуни 2021 година престана и важноста на привремените ограничувања во однос на дивидендите воведени од страна Системот на федерални резерви на САД.

Се очекува дека ваквиот глобален контекст ќе придонесе за закрепнување и на македонската економија. Тоа, од своја страна, поволно ќе влијае врз билансите на домашните банки и одржливоста на нивните капитални позиции. Резултатите од најновиот циклус стрес-тестирање, што неодамна го спроведе Народната банка над домашниот банкарски сектор, покажаа негова солидна отпорност на претпоставените шокови. Покрај редовниот макрострес-тест,  за првпат беше спроведено и сеопфатно и конзистентно, индивидуално стрес-тестирање, коешто го спроведува секоја банка, поединечно. Овие стрес-тестови ги вградуваат индивидуалните карактеристики на секоја банка и нејзините клиенти, што овозможува посеопфатна оценка на ризиците од макро и микропрудентен аспект. Добиените резултати, според двата пристапа на стрес-тестирање, покажаа дека заштитните слоеви на капиталот се соодветни за обезбедување  заштита од ризиците и натамошен раст на кредитната поддршка и за граѓаните и за корпоративниот сектор.

Советот детално ги разгледа и првичните показатели за банкарскиот сектор заклучно со крајот на првото полугодие од 2021 година и заклучи дека неговите остварувања од почетокот на годината се поволни, при што кредитната поддршка и натаму расте (со годишна стапка од 5,1%), подобрена е профитабилноста, а капиталната позиција на банкарскиот систем и натаму јакне, што е видливо преку натамошен раст на износот на капитал од близу 5,4 милијарди денари. Ваквите остварувања се одраз на постабилниот амбиент, претпазливото однесување на банките, како и на донесената одлука на Народната банка.

На седницата беше нагласено дека имајќи предвид дека неизвесноста околу пандемијата на ковид-19 сѐ уште постои, банките треба како и досега, и натаму претпазливо да ги планираат своите капитални потреби и да му дадат приоритет на зачувувањето и натамошното јакнење на капиталните позиции, соодветно со преземените ризици во работењето. Народната банка, во рамките на редовниот супервизорски процес, ќе продолжи со редовното следење и оценување на капиталните позиции на банките. Како и досега, на индивидуална основа ќе се оценува потребното ниво на капитал во согласност со утврдениот профил на ризик по одделна банка“, се вели во соопштението од НБМ.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот