АКО ИМАТЕ ГЛАВОБОЛКИ ДЕНОВИВЕ-НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ: Ќе беснее супермагнетна бура а ова се последиците
Објавено во: Свет 16 Мај, 2019
Земјата ќе ја погоди супермагнетна бура. Ќе трае 10 часа и ќе имате ужасни главоболки. Се работи за најмоќната бура случена во последните година и пол до две предупредуваат научниците.
Оваа појава како што се наведува може негативно да влијае на хронично болните, но и на здравите а ако ја споредиме со настаните од претходните години овој настан е многу важен.
-Тоа е најголемата магнетна бура, тоа е импресивно-рекол главен истражува во Лабораторијата за рендгенска астрономија Институтот за физика Сергеј Богачев.
Како што истакнуваат експертите, оваа бура им пречи на радио - комуникациите и ќе трае 10 часа, а ќе ја почувствуваат луѓе кои инаку се чувствителни на временски прилики. Како причина за бурата се наведува дека тоа што пукнатина се отворила во Земјиното магнетно поле, ќе му овозможи на сончевиот ветер да влезе во магнетосферата.
Кај луѓето може да се јават следните пречки: Главоболки, малаксаност и тресење, зголемен крвен притисок, зголемени проблеми кај хроничните заболувања и аритмија.
Геомагнетната бура претставува појава на нагли и привремени промени на магнетното поле на Земјата, предизвикана од активности на Сонцето, како што се удари на бран и облаци на мегнетно поле на Сончевиот ветар, заедно со Сончевите зраци и коронално исфрлање на маса, кои заедно влијаат на Земјиното мегнетно поле 3 дена по Сончевите активности.
Се наведува дека геомагнетните бури траат ден или два, но може да траат и повеќе. Најголема забележана геомагнетна бура во историјата е Карингтонов настан. Се случиал во септември 1859 година. Предизвикала проблеми со телеграфски линии, а дури и запалила некои телеграфски канцеларии и го онеспособила „викторијанскиот интернет“.