19 Мај, 2024
0.0366

Ако имате корија, фатете се за лопата и засадете нови садници

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Доколку имате корија од која користите дрва за огрев, време е да засадите нови садници кои за неколку децении ќе оформат дрвна маса и ќе можете да ги сечете.

Енергетската криза ни покажа дека дрвата за огрев и натаму ќе бидат барани. Освен тоа шумите се нашите „бели дробови“. Постојат видови на дрвја кои по 2 ипол децении од засадувањето ќе бидат спремни за сечење.

Ако ги сечевте дрвјата во нивите и кориите, сега е периодот за садење на садници со цел обновување. Ова особено е потребно доколку дрвните видови немаат можност да се обноват по природен пат, да потпомогнеме на природата со вештачко обновување на површините под шума. За да се обнови шумата, а сите тоа го сакаме, а и сакаме што побргу да сечеме од истата, сепак тоа е еден долг процес, но има и видови кои за брзо време можеме да се вратиме да ги сечеме, на пример багремот. Багремот се прифаќа лесно на нашите простори, иако не е автохтон вид кај нас, сепак нашол голема примена посебно за огревно дрво. Багремот се зафаќа лесно за сиромашни и каменливи почви, така што не бара посебни услови. Многу е важно да знаеме кој дрвен вид да го засадиме на која почва. Багремот е високо калорично и брзорастечко дрво каде турнусот (или времето кога пак ке се сече истото е 20-25 години), додека на некои видови како што е дабот е 50 години. Багремот кога ке ја достигне сечната зрелост, со правилно сечење на шумата, таа сама се обновува и за 20-25 години имаме повторно шума за огрев која можеме да ја сечеме“, вели наставникот по стручни предмети од областа на шумарската струка и дипломиран шумарски инженер, Горан Сакалиев.

Тој советува дека е најдобро граѓаните да си купат садници од расадник, бидејќи немаат сите услови да си произведат.

Биологот Нестор Јаулески вели дека ноември е идеално време за да се подигнат нови садници.

„Има влага во почвата, нема штетници и сега се создадени одлични услови за пошумување. Дел од дрвјата можат да се засадат и во пролет, во месец април, но тоа е за багремот, врбата, јасиката кои виреат покрај вода. Луѓето ги преферираат нив затоа што брзо растат и создаваат дрвна маса. Сум разговарал со шумарски инженери и велат дека дабот треба да се сече после 50 години, а понатаму доколку се остави, тогаш дрвото губи на квалитет “, рече Јанулески.

Жителите на  македонските села велат дека практикуваат да садат нови садници.

„Самоков има многу шума, а се садат борови, елки и други типови на садници. Има пошумувања, а дел од шумата самата се обновува“, вели жител на селото Самоков.

Македонските граѓани најмногу купуваат даб и бука за огрев. Така е со години, а обично купуваат по 10 метри кубни дрво за да ја поминат зимата. Податоците говорат дека Македонија спаѓа во средно пошумените земји, односно околу 47 проценти во државата е под шума и шумско земјиште. Бројките од Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2018 година во Македонија под шума биле 1.007.095 хектари.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид