„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух
Објавено во: Македонија 18 Април, 2024
Доктор Нико Беќаровски на својот фејсбук профил објави листа на 20 најзагадени држави во Европа.
На таа листа, за жал, Македонија е на високото второ место со најголема концентрација на ПМ 2,5 честички во воздухот.
„Ако името Западен Балкан Ви звучи погрдно, ЗаГаден Балкан е 100% точно. А ние "пресреќни" со сребрен медал на и отров во градите“, напиша тој на фејсбук.