27 Април, 2024
0.0333

Ако користите отровни препарати ќе платите казна 12.000 евра

Објавено во: Агробизнис 29 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Евиденција за препаратите ќе мора да води секој земјоделец како и да ги запишува периодот и дозата на употреба, а ако применува отровни производи за заштита, предвидена е глоба до 12.000 евра. Доколку, пак, се појават некои болести и штетници на растенијата на нивите што ги одгледува, должен е во најкус можен рок за тоа да ги извести Земјоделската инспекција и Фитосанитарната управа, пишува Дневник. Ова се само мал дел од измените на законите за заштита на растенијата и за саден и семенски материјал, кои веќе стапија во сила од средината на месецов. Според истите закони, Владата ќе прави мониторинг на целата држава за да се утврди дали земјоделците можеби користат препарати што не се дозволени, како и за тоа што сж се увезува од страна на трговците со препарати за заштита, како и каков семенски материјал влегува во земјата. Фитосанитарната управа за контролите и за мониторингот ќе поднесува извештај до Владата за тековната година најдоцна до април следната година. Казни ќе добиваат и  увозниците што пуштаат во промет саден и семенски материјал без официјални етикети, ако го препакуваат без официјално да се обележи како да се задржи квалитетот на семето и на садниот материјал Сепак земјоделците сметаат дека тешко ќе оди со евиденцијата на третирањето со средствата за заштита на растенијата.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади