07 Мај, 2024
0.0381

АКО ОПШТИНАТА Е ФИНАНСИСКИ НЕСТАБИЛНА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕМА ДА СМЕЕ ДА ТРОШИ - а државата ќе се задолжи за да ја спаси

Објавено во: Финансии 23 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Општините ќе имаат можност за финансиска консолидација преку 10-годишна структурна обврзница што ќе ја издава Министерството за финансии. Ова е еден од трите инструменти што општините ќе ги имаат на располагање во случај на финансиска нестабилност, а истото е регулирано со Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа којшто го изготви Министерството за финансии и е усвоен од Владата. 

Дополнително, за разлика од досега, во случај на финансиска нестабилност, градоначалникот ќе има обврска да изготви Предлог-план на мерки за надминување на финaнсиската нестабилност, информираше министерот за финансии, Фатмир Бесими, на прес-конференција на којашто беше промовиран Законот како дел од реформата за унапредување на фискалната децентрализација. На оваа реформа Министерството за финансии работи од почетокот на годинава. 

„Првиот инструмент - Условен кредит, ќе го издава Министерството за финансии. Тој е со времетраење до 10 години. Вториот инструмент - Бескаматна општинска обврзница, е со рок на достасување исто како и првиот инструмент до 10 години. Бескаматната општинска обврзница ќе се издава по донесување акт за одобрување на емисијата на хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност. Третиот инструмент - Структурна обврзница, ќе се издава од страна на Министерството за финансии на барање на општината“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими. 

За користење на еден од инструментите, општината ќе доставува барање до Министерството за финансии врз основа на Планот на мерки за надминување на финансиската нестабилност. Барањето ќе содржи податоци за потребниот износ на финансиски средства и можноста за користење на еден од инструментите.

Наспроти досегашната обврска градоначалникот да прогласи финансиска нестабилност, како предуслов за отпочнување на постапката на финансиска нестабилност во општината, а согласно предложените измени на Законот, финансиската нестабилност настанува по сила на закон со денот на исполнување на еден од условите пропишани во Законот, без да се чека на донесување  одлука од страна на градоначалникот.

Веднаш по настапувањето на финансиската нестабилност, Советот на општината, на предлог на градоначалникот, носи План на мерки за надминување на финансиската нестабилност. Мерките опфаќаат ограничувања на градоначалникот во поглед на користењето на општинските средства по повеќе основи, а се со цел рационално користење на средствата и надминување на финансиската нестабилност. Планот транспарентно се објавува на веб-страницата на општината со цел запознавање на пошироката јавност. Министерството за финансии ќе го следи спроведувањето на мерките од Планот. 

Како дел од реформата за унапредување на фискалната децентрализација, а во насока на зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење, предвидени се и мерки за реално планирање на приходите и расходите на општините, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи, редовно сервисирање на обврските, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување финансиска нестабилност, издавање општински обврзници и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија.

Можеби ќе ве интересира

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!