26 Април, 2024
0.0390

Ако падне денеска Топлификација, паѓа целиот енергетски систем!

Објавено во: Економија, Македонија 14 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Ако Топлификација престане да работи и сите потрошувачи што се греат на парно одеднаш почнат да ја користат струјата за затоплување, мрежата на ЕВН не ќе може да го издржи тоа и ќе се јават сериозни проблеми и испади, велат за Фактор енергетски експерти анализирајќи го најцрното сценарио во енерегтскиот сектор. Сепак, ова е малку веројатна опција и покрај континуираните проблеми со кои во последно време се соочува Топлификација а кои пак директно ја засегаат и ЕВН.

Наташа Стојановска

Потрошувачката на струја изминативе денови е зголемена со оглед на ниските температури. Во првите две недели од декември годинава, споредено со истиот период од 2009 година податоците покажуваат дека потрошувачката на струја во земјава е зголемена за 13 отсто. На ниво на Скопје, пак во истиот период има зголемена потрошувачка за 12,5 отсто.

Во првите две недели во земјава се потрошени 250.000 мегават часа, додека во Скопје потрошени се 104.363 мегават часа електрична енергија.

Сепак, растот на потрошувачката на струја освен на ниските температури се должи и на тоа што во изминатиот период голем број на корисници се откажале од парно греење а најверојатно поголем дел од нив продолжиле да се затоплуваат на струја. Клучното прашање што деновиве ја мачи јавноста е дали мрежата на ЕВН  ќе може да издржи ако се случи најцрното сценарио, односно сите кои сега се приклучени на мрежата на Топлификација а тоа се околу 44 илајди корисници, да почнат да се греат на струја. Енергетичарите за Фактор коментираат дека тоа би значело сериозен проблем особено сега во зимата и мрежата не ќе може да го поднесе тој товар. Од ЕВН засега не сакаат да го коментираат таквото сценарио, но, велат дека оти е јасно дека тоа би создало проблеми.

„И сега постои опаснот во некои од средините кои досега се загревале на парно а сега почнале да ја користат струјата за затоплување на домовите. Таму најчесто се случуваат испади и дефекти бидејќи мрежата нема капацитет тоа да го издржи. Ваквите испади особено се случуваат во зградите каде станарите масовно се откажале од парно греење“, вели Атанас Ковачевски од ЕВН.

Изминативе денови во Скопје имаше повеќе испади и дефекти на мрежата, но од ЕВН засега не можат да кажат дали сето тоа е резултат на откажувањата од парното греење. За тоа ќе бидат потребни дополнителни анализи и информации. Според неофицијалните информации на Фактор, во последните три години, од мрежата на Топлификација се откажале околу 15 илјади корисници.

Од ЕВН апелираат до сите граѓани кои планираат домовите да ги затоплуваат на струја а досега користеле друг енергенс, тоа да го пријават кај нив за да може да се направи усогласување на капацитетите на трафостаниците со потрошувачката.Дополнително, мрежата се соочува со проблеми и поради тоа што кога се градат новите згради, добар дел од инвеститорите не даваат точни податоци за тоа дали зградата ќе се затоплува на струја или на парно, со цел да заштедат  на трошоците за добивање на енергетска согласнот.

„Инвеститорите пријавуваат дека зградата ќе се затоплува на парно, а не на струја и така заштедуваат на сумата што треба да ја платат за енергетска согласност. Но , подоцна зградата се загрева на струја  и тоа создава проблеми , бидејќи  трафостаниците согласно побараната енергетска ефикасност не се проектирани според  реалните потреби на граѓаните , вели Атанас Ковачевски од ЕВН.

Дефекти

Од ЕВН – Македонија посочуваат дека во моментов нема поголеми прекини во снабдувањето. Прекините се подолги само во тешко пристапните места или во високите планински региони. Во градовите или во нисконапонската мрежа нема поголеми прекини, тоа се спорадични прекини во одредени населби каде најчесто страдаат осигурувачите и од невремето се оштетени каблите.

Огревно дрво

Иако многу потрошувачи го користат огревното дрво за загревање, сепак неговото учество во вкупната финална потрошувачка од 2009 до 2012 е релативно мало. Огревното дрво во финалната потрошувачка учествува со (9,4% до 9,9%).

Според податоците, потрошувачката на огревно дрво од 671 илјади кубни метри во 2013 година ќе се зголеми на 696 илјади кубни метри во 2017 година, што одговара на просечен годишен пораст од 0,7%/год.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто