Aко патувате во Бугарија, веќе не ви треба ковид сертификат
Објавено во: Македонија 12 Април, 2022
Доколку патувате во Бугарија, веќе не ви е потребен ковид сертификат.
Одлуката важи од утре. Патниците кои во Бугарија пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во државата веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат. Трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ Ковид сертификат за вакцинација, прележана болест или негативен тест.
Во Македонија се намали бројот на заразени со коронавирусот.
За 24 часа има 150 заразени, а бројот на активни во државата е 1.111.
И соседна Грција има ковид олеснувања за летната сезона.
foto freepik.com