26 Април, 2024
0.8095

АКО ПЛАНИРАТЕ ОДМОР: Ова е земјата со најквалитетни плажи

Објавено во: Стил 20 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Шпанија има највеќе плажи со ознаката Плаво знаменце, колку што нема ниту една друга земја на светот.

Во Шпанија може да избирате помеѓу 579 плажи и 100 морски одморалишта, кои се наградени со престижно признание.

„Плаво знаменце“ е сертификат на Фондацијата за заштита на животна средина, која се доделува за квалитет на вода и услуги на одредени локации.

Оваа година секоја шеста плажа која е со Плаво знаменце се наоѓа во Шпанија и тоа во разни делови на земјата. Покрај тоа , во таа земја е и првата континентална плажа со езеро или река која е наградена со тоа признание. Се работи за Коста Делуче де Орелана плажа на езерото во шпанскиот регион Ла Сиберија.

Оваа година награда за еколошка одржливост добиле и туристички бродчиња во Шпанија кои нудат активности како набљудување на китови, риболов, нуркање и набљудување на птици.

Грција е на второ место годинава а ја следат Франција, Турција и Италија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти