22 Октомври, 2017
0.3461
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

АКО САКАТЕ ЧИСТ ВОЗДУХ, ПРЕСЕЛЕТЕ СЕ ТАМУ: Топ 10 метрополи со најчист воздух во светот

Објавено во: Стил 20 Март, 2017

Неодамнешните студии на Светската здравствена организација покажуваат дека загадувањето на воздухот е поголема закана од вирусите ХИВ и Ебола. Тие се и причина за смртта на над 1 милион деца во светот секоја година.

Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад е најзагаден во светот, следен од Делхи и Доха, Катар, покажуваат податоците .

„The Australian Financial Review Magazine“ претставува топ 10 светски метрополи, кои се со најчист воздух во светот:

10. Мадрид, Шпанија

Градот има население над 3 милиони луѓе, трет по Лондон и Париз, но политиката на повеќе пешачки зони, достапен градски транспорт и географската локација на градот помагаат тој да се нареди меѓу најмалку загадените метрополи во светот.

9. Монако

Пзнат по казина и трките на Формула 1, градот-престолнина е еден од најчистите. Ова може да ви изгледа чудно поради бројни богати луѓе кои живеат таму и паркираат секој ден јахти и суперавтомобили, но е сама вистина. Според СЗО Азурниот град има многу ниска концентрација на загадување на воздухот - 2,5 PM (честички) што веројатно се должи на недостатокот на индустрија и малкуте жители околу 37 илјади.

8. Хелсинки, Финска

Финската престолнина започна иницијатива која има за цел до 2025 година да се елиминира потребата граѓаните да уживаат во своите автомобили. Властите сакаат да изработат толку добра транспортна мрежа дотолку што ќе направи потребата од автомобил да отпадне. Градот има 2.400 милји велосипедски патеки и одамна промовира зелена енергија и начин на живот.

7. Талин, Естонија

Со своите тесни калдрмни улици средновековната престолнина не била изградена за моторни возила. Возење околу древниот центар на градот е непрактично, што и до голем степен ги држи автомобилите далеку. Градот е исклучително богат со зелени површини, а и со крајбрежјето, кое го прави еден од најмалку загадените градови во светот.

6. Монтевидео, Уругвај

Покрај релативно чист воздух, туристите, кои одат во Монтевидео, ќе откријат една од најпознатите безгрижни престолнини на Јужна Америка. Градот е со малку повеќе од еден милион жители и е познат по своите песочни плажи, колонијална архитектура и лозја. Споредено со раздвижениот Буенос Аирес, Монтевидео е најчиста, позелена и порелаксирана алтернатива на аргентинската престолнина.

5. Единбург, Шкотска

Некогаш добро познат по мирисот на канализација и токсичен смог, изненадувачки е сега дека шкотскиот главен град влегува во листата за најчист воздух. И не само тоа, сега Единбург е најчиста европска престолнина.

4. Отава, Канада

Канаѓаните треба да му бидат благодарни на францускиот архитект, кој во 1950 година предвидува градот да биде заобиколен со зелен појас . Покрај тоа локалната администрација ги поттикнува жителите да не користат автомобили, кога учествуваат во заедничко патување. Исто така во градот има помалку од 900 илјади жители, што го прави еден од особено чистите во светот.

3. Канбера, Австралија

Главниот град на Австралиската унија има помалку од 400 илјади жители, што и дава предност во однос на другите пренаселени престолнини како Амстердам пример со 800 илјади луѓе кои живеат во неа. Иако се смета за многу здодевен град Канбера барем нема да ве убие со загадениот воздух.

2. Велингтон, Нов Зеланд

Со помалку од половина милион жители, крајбрежната престолнина е населеното место во Нов Зеланд со одличен свеж воздух и удобен живот. Сепак, изгледа дека воздухот ќе стане уште почист, бидејќи властите се одлучиле да започнат амбициозни програми за енергетска ефикасност и проекти за управување со отпад, кои ќе му помогнат на градот да ги намали своите емисии на CO2.

1. Стокхолм, Шведска

Стокхолм е првиот европски град, крунисан со титулата Европска зелена метропола во 2010 година. Сепак, шведската престолнина не лежи на стари ловорики и продолжува со своите зелени иницијативи и успешно ги намалува емисиите на јаглерод за 25 отсто од деведесеттите години.

Градот има за цел да биде слободен од фосилните горива до 2050 година, и се надева да се постигне оваа цел преку подобрување на јавниот транспорт, обработка на отпад и зголемување на биодиверзитетот, меѓу многу други работи. Во градот има и силна култура на велосипедизам, која разделила многу жители од автомобилите.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) ГРАД ВО КОЈ ВРЕМЕТО ЗАСТАНАЛО: Нема автобуси и автомобили, а луѓе има премногу

(ФОТО) ГРАД ВО КОЈ ВРЕМЕТО ЗАСТАНАЛО: Нема автобуси и автомобили, а луѓе има премногу

Купете си државјанство со биткоини во оваа островска држава

Купете си државјанство со биткоини во оваа островска држава

Настинка и грип: Како да ја воочите разликата меѓу нив?

Настинка и грип: Како да ја воочите разликата меѓу нив?

(ВИДЕО) ПЛАЌААТ ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ: Италијански град нуди 2000 евра

(ВИДЕО) ПЛАЌААТ ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ: Италијански град нуди 2000 евра

Жените контролори се редок вид кај нас

Жените контролори се редок вид кај нас

„Фчерашни новости“ : Чудо во Кратово по првиот изборен круг

„Фчерашни новости“ : Чудо во Кратово по првиот изборен круг

(ВИДЕО) Најздрав народ на светот: Тврдат дека се потомци на Александар Велики,а живеат и до 120 години!

(ВИДЕО) Најздрав народ на светот: Тврдат дека се потомци на Александар Велики,а живеат и до 120 години!

Порака во шише фрлена во морето пред 29 години преживеа ураган

Порака во шише фрлена во морето пред 29 години преживеа ураган

Познати претприемачи ги споделуваат советите со помош на кои станале успешни

Познати претприемачи ги споделуваат советите со помош на кои станале успешни